Лана Никсон која се бори со редок облик на рак на мозокот, отиде заедно со својата сестра на матурска вечер една деценија порано од предвиденото, бидејќи можеби нема да може да присуствува на сопствената.

На тригодишното девојче, од Сандерленд, Англија му било дијагностицирано атипичен тератоиден рабдоиде тумор во Ноември, 2018-та година, кога било на 2-годишна возраст.

На почетокот од овој месец, нејзините родители, 34-годишната Гема Никсон и 40-годишниот Ендру Хасвел, добиле срцепарателна вест дека обликот на рак од кој боледува нивното девојче е многу редок и притоа неизлечив.

Очајните родители по добиената вест, дале отказ од своите работни места, за да целосно се посветат на својата ќерка и секој ден поминат со Лана да го направат ден за паметење.

Ова вклучуваше на храброто мало девојче да му се даде шанса да доживее да отиде на матурска вечер заедно со нејзината 16-годишна сестра Нив, бидејќи Лана можеби нема да доживее да отиде на сопствената средношколска забава.

По повод овој уникатен момент, Лана беше облечена во блескав розов фустан украсен со бројни сјајни каменчиња и цвеќиња, а воедно на главата носеше елегантна цветна лента која одговараше со модната комбинација. На матурската вечер, девојчето пристина во Ролс Ројс.

„Беше навистина емотивно сите да бидеме заедно како едно семејство и Лана да биде дел од матурската вечер на својата сестра. Најмногу го обожаваше автомобилот, а притоа рече дека таа и нејзината сестра тој ден беа принцези. Едноставно премногу емотивно беше и да се види Лана да изгледа толку добро облечена во убаво фустанче, по месеци поминати во болничките наметки и пижами.“- вели нејзината мајка Гема.

Семејството постојано истакнува дека се оставени без зборови од храброста на Лана, а тоа го потврди и возачот кој на денот на матурската вечер ги возеше сестрите во луксузниот автомобил.

„На денот на матурската вечер, Лана беше неверојатно среќна, насмеана и енергична, како и секое тригодишно дете. Тоа е навистина срцепарателно. Не можам ниту да замислам низ што поминува семејството Никсон“- изјави возачот Шеб Ахктар.

Лана важи за извонредно храбро девојче со весел карактер, кое пред само 2 години било совршено здраво, но за жал нејзината здравствена состојба се влошува со секој изминат ден.

Сподели на Facebook
пати видено