Двата големи камења што ги гледате на видеото се викаат „Камењата на Дини“, затоа што му припаѓале на Шкотланѓанецот Доналд Дини, познат како „Најсилниот човек на 19 век“. Доналд Дини успеал овие два камења со вкупна тежина од 333 кг (146 и 187 кг), да ги пренесе преку мостот во градот Абердиншир во 1860 година. До сега камењата успеале да ги кренат само 90 мажи и две жени.

Да, ова е само втората жена која успеа да ги крене, 29-годишната Австралијка по име Ли Холанд-Кин, која верувале или не, работи како МЕДИЦИНСКА СЕСТРА.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено