Ова е моментот во кој татко на пет деца и неговото семејство „еруптираат“ од среќа кога дознава дека добил 27 милиони евра на лото. Амо Рисели од Глоучестер викнал „Ох Господе!“ кога од лотаријата му го кажале целосниот износ и сега планира да го замени таксито со Ферари, да купи вила со базен и да оди во Лас Вегас.

50-годишниот Амо, знаел дека неговото ливче е добитно, но морал да се јави во лотаријата за да му кажат колку вкупно освоил. На „работохоличарот“ кој живее во скромна куќа со неговото семејство во славењето му се придружила и неговата ќерка која вели: „На мама многу би им се допаднало ова.“ Сопругата на Амо и мајката на нивните пет ќерки починала пред 4 години од срцев удар.

Амо Расели планира да го сподели своето богатство со неговите пет ќерки, девет внуци, четири браќа и сестри и неговата мајка Марија која наредниот месец ќе наполни 80 години. Главните броеви за џекпотот биле 18, 36, 48, 57, 58, 59 и бонус топката, 50. Новиот мултимилионер ги немал сите шест броеви, но главната награда морало да биде доделена, па така џекпот се спуштил на оние кои имале пет броеви и бонус топката.

Соседите и пријателите на Амо велат дека тој работел и по 70 часа неделно само за да обезбеди добар живот за неговото семејство. Амо не знаел дека го добил џекпотот два дена, се додека не отишол да ги скенира ливчињата кои редовно ги купувал. Откако сфатил дека неговото ливче е добитно, тој го дал на неговата мајка Марија да го скрие.

Семејството ја прославило новогодишната ноќ како и секоја година, единствено оваа година пиеле шампањ. Интересно е што првин Амо мислел дека освоил 270.000 евра и веднаш се јавил на неговиот брат. „Не можев да поверувам дека ова ми се случува на мене. Тогаш му се јавив на мојот брат Марко. Се тресев како лист и му кажав дека освоив 270.000 евра. Тој ми рече дека немало таква сума кога тој го проверувал своето ливче и кога му ги кажав броевите тој почна да плаче и ми рече ‘ти си го сосвоил џекпотот од 27 милиони евра’. Ова е неверојатно чувство и пресреќен сум.“, вели среќниот добитник.

Се надеваме дека Амо и неговото семејство разумно ќе ги трошат парите и дека оваа добивка ќе им донесе само среќа во животот.

Сподели на Facebook
пати видено