Дваесет и седум годишна жена од Колорадо била уапсена и обвинета за злоставување откако на интернет се појави ужасен видео клип на кој се гледа како го удира и му зборува гадости на својот двогодишен син. Кристина Флорес-Кенеди од градот Лохбјуи, во близина на Денвер, САД, била уапсена откако нејзината цимерка го постирала видеото на интернет, со цел да му се помогне на беспомошното дете. Во видео клипот, кој трае шеснаесет минути, може да се слушне како детето вреска, додека неодговорната мајка му зборува пцости и му се заканува дека ќе го убие затоа што ѝ го загубил полначот за нејзиниот мобилен телефон.

Полицијата вели дека кога била уапсена, момчето било покриено со модринки по рацете и нозете, како и на челото. Жената која го снимила видеото и го објавила на Фејсбук, изјавила дека тоа го сторила бидејќи властите не реагирале доволно брзо за да го заштитат детето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено