Дали верувате во случајности? Или верувате дека постои некој поголем, можеби злокобен механизам кој прави да се случуваат чудни нешта? Што и да верувате, било во судбина, околности или чисти случајности, еве 25 од најчудните совпаѓања кои се случиле во текот на поновата историја.

1. Смртта на близнаците

sl01

Во 2002, еден човек од Финска бил прегазен додека се обидувал да го премине патот 8 на неговиот велосипед. Два часа подоцна, неговиот брат близнак се обидел да премине на истиот пат, но 1.5 километри подалеку. И тој завршил трагично исто така.

2. Стрпливиот куршум

sl02

Кога неговата сестра извршила самоубиство по пропадната врска, нејзиниот брат се заколнал дека ќе му се одмазди на Хенри Зигланд, човекот кој ѝ го скршил срцето. Пукал во Зигланд, но промашил, и куршумот се забил во блиското дрво. Години подоцна, Хенри го расчистувал истото тоа земјиште и употребил динамит за да го отстрани дрвото. Куршумот излетал со значителна сила директно во Зигланд и го убил.

3. Музички соседи

sl03

Кога не би била временската разлика од 200 години, Џими Хендрикс и Џорџ Хендел би биле соседи. Живееле на улицата Брук бр. 23 и 25 во Лондон.

4, Г-н Брајсон се пријавува два пати

sl04

Извесен Џорџ Д. Брајсон се пријавил во хотелот Браун во Луисвил, Кентаки, САД, дознавајќи дека претходниот гостин исто така се викал Џорџ Д. Брајсон.

5. Првата и последната жртва на браната Хувер

sl05

Првиот работник кој загинал при изградбата на браната Хувер се викал Џ. Џ. Тиерни, и загинал на 20. декември, 1922. Последниот човек кој загинал таму бил неговиот син, кој загинал на 20. декември 1935 година.

6. Не се шегувал

sl06

На 20. јуни, 1940 година, советските археолои ја откопале гробницата на Тимур (познат уште и како Тамерлан), потомок на Џингис Кан. На гробницата стоел злокобен предупредувачки натпис кој гласел: „Тој кој ќе ја отвори мојата гробница ќе си навлече окупатор поужасен и од мене.“ Тие сепак ја отвориле. Два дена подоцна, Германија го нападнала Советскиот Сојуз.

7. Регистарска табличка која имала поголемо значење отколку што било кој си помислил

sl07

Регистарската табличка на автомобилот во кој бил застрелан Франц Фердинанд била III118. Официјалниот крај на Првата светска војна бил на Денот на примирјето, на 11. 11. (19)18 година.

8. Огромната бркотница на маскирани бродови

sl08

За време на Првата светска војна, британската армија го преправиле патничкиот брод РМС Карманија во воен брод, маскирајќи го да изгледа како друг патнички брод, германскиот СМС Трафалгар. Маскираниот брод во 1914 година потопил еден германски брод во близина на Бразил. Потопениот брод бил вистинскиот Трафалгар, кој Германците го маскирале да изгледа како британскиот брод Карманија.

9. Не носи ја и неа на крстарење

sl09

Виолета Џесоп била одечки лош знак. Била на ХМС Олимпик кога се судрил со ХМС Хок, била на ХМХС Британик кога бил удрен од мина, и се разбира, била и на Титаник. Џесоп била стјуардеса и медицинска сестра и работата на брод била дел од нејзината професија. Подоцна станала позната како „Госпоѓата непотонлива“. Сите три несреќни бродови биле и „сестрински“ бродови.

10. Баксузен патник

sl10

Во 1975, еден човек бил прегазен од такси на Бермудските острови. Несреќниот патник бил сведок на несреќата. Една година подоцна, истиот такси возач го возел истиот патник кога го прегазил братот на првата жртва.

11. Држете го тоа бебе понастрана од прозорецот

sl11

Во текот на триесеттите на минатиот век, еден човек по име Џосеф Фиглок се стаписал кога бебе му паднало на рамениците. Истиот ден следната година, истото бебе паднало врз него на истото место. Ниту бебето, ниту Фиглог не биле повредени.

12. Животот на Марк Твен означен со комета

sl12

Халеевата комета минува крај Земјата на секои 76 години, со што има изгледи нечиј живот да биде обележан помеѓу две такви појавувања. Така се случило со животот на Марк Твен, кој се родил за време на минувањето на кометата во 1835 година, а починал на денот на нејзиното појавување во 1910. Дури и го предвидел тоа во 1909.

13. Се прашуваме какво било нивното осигурување

sl13

Во 1895 година во Охајо, САД, имало само два автомобили. Само два, во целата држава. И тие два автомобили налетале еден на друг. И потоа веќе немало автомобили до догледно време.

15. И пак умирачка на близнаци

sl14

На 22. јуни 1975, близнаците Џон и Артур Моуфорт и двајцата претрпеле срцев удар. Живеејќи 120 километри еден од друг, тие биле примени во различни болници и не биле свесни за состојбата на другиот. Набргу и двајцата починале.

15. Историјата се повторува

sl15

Хитлер бил роден 129 години по Наполеон. На моќ дошол 129 години после Наполеон, ја нападнал Русија 129 години после Наполеон, и бил поразен 129 години после Наполеон.

16. Кога треба да се послуша сопствениот совет

sl16

Јужноафриканскиот астроном Дени ду Тоа држел предавање за тоа како смртта може да ве погоди во секој миг. На крајот на предавањето, во устата си пикнал бонбона со малку премногу жестина, се задавил и умрел.

17. Можеби има нешто во водата

sl17

Сталин, Хитлер и Франц Јозеф, кои сите заедно се виновни за смртта на 80 милиони луѓе, живееле во Виена во исто време.

18. И пак чудни близнаци

sl18

Раздвоени веднаш по раѓањето, еден пар близнаци од Охајо пораснале не знаејќи ништо за еден друг. И двајцата од нивните посвоители биле наречени со името Џемс, и двајцата станале полицајци и се ожениле со жена по име Линда. И двајцата добиле синови, кои и двајцата биле крстени со името Џемс Алан. И двајцата имале куче кое го нарекле Тој. И двајцата се развеле, и потоа се ожениле со жени кои и двете се викале Бети.

19. Вечни соседи

sl19

Првиот британски војник кој загинал во Втората свтска војна е закопан неколку метри подалеку од последниот британски војник кој загинал во Втората светска војна. Ова не било намерно.

20. Името кое го означило почетокот и крајот на Римската империја

sl20

Според легендата, Рим бил основан од Ромул, кој бил одгледан од волчица заедно со неговиот брат Рем. Последниот император на Рим бил Ромул Август.

21. Чиста случајност

sl21

Кога ја дизајнирале сценографијрата за видео играта Deus Ex, еден од уметниците испуштиле значајно обележје на Њујорк: кулите близначки. За да го покријат пропустот, дизајнерите на играта смислиле нешто во врска со терористички напад. Играта била издадена во 2000 година.

22. Неочекуван подарок

sl22

Американската писателка Ен Периш ја нашла книгата со бајки „Џек Фрост и други приказни“ и веднаш му кажала на нејзиниот сопруг колку многу ја сакала таа книга како дете. Кога ја отворила, на внатрешната страна од корицата пишувало: „Ен Периш, 209 Н, ул. Вебер, Колорадо“.

23. Именски комбинации

sl23

Се раскажува дека во дваесеттите се сретнале тројца Англичани во еден воз во Перу. Првиот се викал Бингам, вториот Пауел, а третиот Бингам-Пауел.

24. Судбински близнаци

sl24

Италијанскиот крал Умберто I се запрепастил кога вечерајќи дознал дека сопственикот на ресторанот во кој јадел бил роден на истиот ден како и тој и во истиот град, и дека и двајцата се ожениле со жена по име Маргарита. На 29. јули 1900, кралот дознал дека сопственикот на ресторанот бил застрелан на улица. Подоцна истиот ден, врз кралот бил извршен атентат.

25. Книгата која се обистинила

sl25

Единствениот роман на Едгар Алан По, „Доживувањата на Гордон Пим“ раскажува за злосреќно патување преку Антарктикот. Бродоломот го преживуваат четворица. Во еден момент, тројца од нив решаваат да го изедат Ричард Паркер, прислужник на бродот, за да преживеат. Во 1884, бродот Мињонет потонал, при што преживеале само четворица патници. Тие исто така решиле да го изедат прислужникот, кој исто така се викал Ричард Паркер.

Сподели на Facebook
пати видено