Мајка која боледува од рак стапи во брак со својот сакан од детството од нејзиниот болнички кревет во интензивна нега само неколку часа пред операцијата која ѝ го спасила животот.

Невестата Тони Керол (25) и младоженецот Џеси Велш (23) се венчале во капелата на болницата Алфред во Мелбурн, откако 150 членови на медицинскиот персонал се собрале за да ја организираат свадбата од соништата на Тони.

Опкружени од семејството и пријателите Тони, која се бори со Хочкинов лимфом и срцева слабост била однесена до олтарот во инвалидска количка за да се сретне со таткото на нејзините две ќерки на церемонијата. Младенците докажаа дека нивната љубов може да го надмине секој предизвик, откако по заветите Тони се упатила на операција на срцето.

„Од каде што почнавме пред пет недели, ми беше кажано дека ќе имам само пет до десет дена со неа, сега сме во брак и не можам да побарам ништо повеќе.“, вели Џеси. Во раните фази на нејзината бременост со својата втора ќерка – Мадисон, која сега има пет месеци, Тони најде грутка во нејзиниот врат. Кратко откако се породила ѝ била дијагностицирана 4-та фаза и „брзо прогресивна и потенцијално фатална срцева слабост“.

Во „Алфред“, нејзиниот живот бил спасен со помош на машина за белодробен и срцев бајпас наречена ECMO, заедно со срцева пумпа (VAD). Тимот продолжува да ја набљудува нејзината состојба на срцето и потребата од хемотераписки третман.

Парот, кој е заедно уште од детството се свршил пред 5 години, но бидејќи немале пари за венчавката од соништата го чекале вистинскиот момент, а потоа ја добиле сега 3-годишната ќерка Амелија и сега 5-месечната Мадисон.

Сподели на Facebook
пати видено