25-годишната Фу Хиевеи од Кина објавила серија свадбени фотографии со нејзиниот дедо, затоа што неговата најголема желба била да ја види како невеста. Фу вели дека таа не планира да се мажи наскоро поради нејзината кариера, но не е сигурна дали нејзиниот болен 87-годишен дедо ќе го дочека денот кога таа ќе го запознае „вистинскиот“.

Затоа таа одлучила да облече венчаница за нејзиниот дедо и тој момент да го овековечи со фотосесија. Нејзиниот дедо исто така ја придружувал до олтарот во една мала црква. „Дедо ми треба да ме предаде на венчавката. Затоа што не знам дали ќе доживее да го направи тоа, сакав да му обезбедам да го направи тоа сега.“, вели Фу.

Госпоѓицата Фу која е претприемач од Ченгду, пораснала во домот на нејзините баба и дедо, бидејќи нејзините родители се разделиле кога таа имала 10 години. Фу живеела во домот на дедото сѐ до 18-тата година, кога заминала да студира во Швајцарија.

Таа има длабока врска со нејзините баба и дедо и ги споделува сите нејзини тајни со нив, ги носи на одмор во странство, па дури и во дискотеки. Фу вели дека нејзиниот дедо е „мачо тип“, но многу сакал да ја разгалува, затоа кога минатиот септември лекарите ѝ кажале дека тој може да почине во секој миг, девојката решила да го цени секој момент поминат со нејзиниот дедо.

Фу дури и го истетовирала неговиот лик на нејзината рака. Таа вели дека тоа го направила за нејзините ријатели, а утре и нејзините деца, да знаат како изгледал. Старецот не бил свесен за изненадувањето од неговата внука сѐ до моментот кога ја видел во бело.

Сподели на Facebook
пати видено