Кога слушаме трогателни и искрени приказни на другите луѓе, стануваме внимателни и сочувствителни кон околината. На пример, кога ќе видите како една постара жена детално ги опишува скулптурите во музејот за нејзиниот слеп сопруг, веднаш добивате силна желба да ги видите вашите родители и да ги прегрнете.

Тука ќе најдете приказни за едноставни луѓе кои можат да ги допрат најдлабоките нишки на вашата душа и да ви го стоплат срцето.

23. Вистинско пријателство меѓу дете-бездомник и куче-скитник.

11-годишното момче Ромел преку ден проси а потоа купува храна и ја дели со неговото куче Бадги, кое го заштитува некој да не му ги украде парите.

22. „Не сум ја видел мајка ми да се насмее вака со години. Таа има парализа на лицето. Но вчера, таа го направи тоа свесно за прв пат. Секогаш ќе мислам дека е убава.“

21. „На семафорот, видов еден мотоциклист кој милувал златен ретривер во автомобил пред мене“.

20. Една постара жена ги почести работниците со ладен сок.

19. „Татко ми загина на службена должност 10 месеци пред дипломирањето на колеџот. Па момците од неговата станица дојдоа да ме поддржат на церемонијата на дипломирањето.“

18. „Мојата сопруга и јас на нашиот меден месец во 1990 година и нашето враќање во 2017 година“

17. „Ова е мојот братучед Гарет. Тој ја изгуби ногата од рак пред 3 години и сега има 15 тумори на белите дробови и е смртно болен на 26-годишна возраст. Минатата недела го завршил Лондонскиот маратон.“

16. Семејството на Стив Ирвин ја прифаќа неговата ѕвезда на Холивудската патека на славните.

15. Оној момент кога вашиот омилен пејач од Металика ве забележува и ве поздравува:

14. „По 4 години борба со неплодност, конечно имаме мало бебе!“

13. „Пред 9 години, бев самоубиствен и подготвен да умрам. Сега, јас сум омилено место за спиење на мојот син.“

12. „Оваа девојка се преселила во странство пред 9 месеци и сакала да знае дали нејзиното куче ќе ја препознае на видеоповик.“

11. Една жена го слуша срцето на нејзината 13-годишна ќерка чие срце било донирано на друга жена.

10. 2 најдобри пријатели кои патуваат заедно.

9. „Минатата година почнав да го учам мајчиниот јазик на мојата девојка, бидејќи нејзините родители не зборуваа англиски. Оваа недела, побарав нивна дозвола да ја земам за жена на португалски.“

8. Татко се обединува со својата ќерка по долга разделба.

7. Девојче гледа како нејзиниот дедо плаче на состанокот на ветераните.

6. „Мојот син е аутистичен. Најдобриот дел од мојот ден е 20-минутната ноќна рутина со сите негови мечиња. Повторувањето не го мачи, така што моите исти шеги целосно успеваат секоја вечер“.

5. „Видов како оваа слатка стара дама страсно ја опишува секоја скулптура на нејзиниот слеп сопруг во уметничкиот музеј“.

4. „Моите родители се во брак 34 години. Мајка ми е во завршна фаза на деменција. Татко ми се грижи за неа со полно работно време. Таа не секогаш се сеќава на неговото име, но знае дека е безбедна со него. Зарем тоа не е вистинска љубов?“

3. Оваа девојка не можела да оди 10 месеци. Кога нејзиното момче дошло да ја земе пред матурска, таа му ги покажала своите први чекори.

2. „На 4 годишна возраст ѝ шепнав дека е слатка во нејзиното уво. 24 години подоцна, ние се венчавме.“

1. „1940-тите – Мојот прадедо ја држи баба ми. Двајцата сега имаат 74 и 103 години, и се задоволни и здрави“.

Сподели на Facebook
пати видено