Пластичната хирургија напреднала многу во споредба со нејзините грозни почетоци на бојните полиња во американската граѓанска војна и Првата светска војна.

Еве дваесеттина слики од првите „успешни“ пластични операции со сомнителни резултати, а дел од нив покажуваат и што значи војната за тие што се борат и гинат на теренот.

Прст за нос во Њујорк

пл01

Овој њујорчанец го изгубил носот во несреќа.

пл02

Во 1880г. д-р Е. Харт од болницата Белви на местото кадешто му бил носот му ставил еден од неговите прсти.

пл03

Резултатот не бил баш суптилен.

Нова вилица во Втората светска војна

пл04

За време на битка овој ветеран ја изгубил долната половина од неговото лице.

пл05

Бил подложен на една од првите „цевчести петелки“. Тоа е процедура при која прават кожата од еден дел на телото да почне да расте кон друг во вид на цевки.

пл06

Потоа долниот дел од неговата уста го реконструираат со метална рамка.

пл07

Од страна гледано, резултатот изгледа впечатливо добро.

пл08

Но не изгледа толку убедливо гледано во анфас.

Реконструкција на лицето за време на Граѓанската војна

пл09

За време на американсктата граѓанска војна Карлтон Бурган се борел во легијата Парнел. Како резултат на труење со жива, дел од неговото лице му бил ампутиран.

пл10

Пионерот во пластична хирургија Гардон Бак сторил сѐ што можел при ампутацијата и реконструкцијата. Но сепак тоа биле најраните денови на пластичната хирургија.

Ринопластијата на херој од Првата светска војна

пл11

Британскиот војник Вилијам Спрекли го загубил својот нос за време на битка, служејќи во 16-от баталјон на Шервуд Форестерс Сервис. Ова е тој откако го пуштиле од болница после првата сесија на ринопластија.

пл12

Д-р Харолд Гилис од Лондонската кралска болница покрај Спрекли, оперирал уште 11.000 британски војници кои биле деформирани за време на војната.

пл13

Многу од техниките биле крајно експериментални, но тимот на Гилис полека станувал сѐ поуспешен во нивната работа, резултирајќи во успешни случаи како војникот Спрекли.

Првиот обид за време на Првата светска војна

пл14

Успешната приказна на Спрекли е од крајот на војната, далеку после првите експерименти во Кралската болница, како што е случајот со Волтер Јео – кој во болницата дошол ваков:

пл15

На морнарот Јео му била потребна огромна реконструкција на лицето. Првин навлекле кожа преку „цевчестиот метод“ за да се надомести изгубената кожа и мускулна маса, при што навлекле кожа од пределот на вратот кон пределот на очите.

пл16

Кога зараснало, резултатот по малку наликувал на маска.

пл17

Брзи поправки

пл18

На тие војници од Првата светска војна кои не биле доволно среќни да им биде направено пластична операција им била понудена брза алтернатива – маска.  Овој млад војник за време на војната изгубил дел од неговата уста и нос.

пл19

Му дале маска која заменила дел од неговиот нос, а раната на устата му била покриена со големи мустаќи.

Уметност во маскирањето

пл20

Многу од маските во тој период биле дело на Ана Колман, лидер на организацијата на Црвениот крст.

пл21

Таа ја направила реконструкцијата од гипс за ринопластијата на овој војник, правејќи доста убедлива илузија на целосно лице со нејзините револуционерни техники на маскирање.

Око за око

пл22

Дури и тешките случаи како загубата на окото на овој војник биле поправливи со малку креативност од нејзина страна.

пл23

Сепак изгледа подобро од преврска за око.

Сподели на Facebook
пати видено