Секој ги сака старите добри скандали. Додадете на тоа и малку секс колку за зачин и тоа е рејтиншки рај за новинарител, а исто така може да ја подигне популарноста на луѓето коишто се инволвирани во случајот. Понекогаш тие се изложени на јавен срам, додека други успеаваат да ја искористат таа нивна озлогласеност за да се најдат во центарот на вниманието и да се здобијат со слава и богатство. За добро или лошо, публиката просто обожава да гледа како други се посрамотени во незгодни ситуации. Таков е случајот и со овие секс скандали.

1. Џон Ф. Кенеди и Мерилин Монро

sx01

Веројатно најпознатиот секс скандал во историјата, кој ги комбинира светот на славните и светот на политиката.

2. Бил Клинтон и Моника Левински

sx02

Не е некоја тајна дека херојот и идол од детството на Клинтон му бил токму Џон Кенеди, па така исто како и неговиот идол, и тој беше вплеткан во голем секс скандал.

3. Фети Арбакл

sx03

Фети Арбакл е познат комедијант од почетокот на 20. век. Тој бил толку дебел, што смачкал жена до смрт додека воделе љубов. Судските процеси кои следувале ја уништиле и неговата кариера, а и него како човек.

4. Џери Спрингер

sx04

Многу пред да стане водител на познатото ток шоу коешто го прикажуваше најголемиот американски џган, Џери Спрингер бил градоначалник на Синсинати сѐ додека не ѝ платил на проститутка со чек.

5. Ејми Фишер и Џои Бутафуоко

sx05

Ејми Фишер се прослави како „Лолита од Лонг Ајленд“ по аферата со многу постариот Бутафуоко, после која отишла во неговиот дом и ја застрелала неговата сопруга.

7. Ентони Винер

Candidate for New York City Mayor Weiner listens to fellow candidates at a debate in New York

Овој политичар ја упропастил својата кариера откако било откриено дека праќал свои непристојни слики на интернет. Откако некако успеал да го преживее скандалот, пак го сторил истото, овој пат под псевдонимот „Карлос Дејнџер“

7. Пи Ви Херман

sx07

Во осумдесеттите Херман бил бог за многу деца, но репутацијата му била уништена откако бил фатен како мастурбира на порно филм во кино.

8. Вуди Ален

sx08

Еден од најбизарните секс скандали во филмскиот свет, во кој бил инволвиран невротичниот писател, актер и режисер, за кого се открило дека имал секс со сопствената посвоена ќерка. За скандалот да биде уште поголем, подоцна и се оженил со неа и имале деца.

9. Сандра Булок и Џеси Џејмс

Jesse James and Sandra Bullock.

Џеси Џејмс е познат по тоа што бил сопруг на Сандра Булок, сѐ додека не се открило дека има афера со некоја тетовирана нео-нацистка по име Мишел МекГи.

10. Хју Грант

sx10

Во самиот подем на неговата слава, Грант бил фатен со проститутка, и покрај тоа што во тоа време се забавувал со неверојатно згодната манекенка Елизабет Харли.

11. Ким Кардашијан

sx11

Секс клиповите секогаш ќе бидат скандалозни, иако најскандалозниот секс клип во историјата е всушност и единствената причина поради кое името Ким Кардашијан значи нешто…О да, и по покажувањето на нејзиниот мрсен задник.

12. Марк Сенфорд

sx12

Марк Сенфорд бил гувернер на Јужна Каролина и лидер на Асоцијацијата на гувернери републиканци – сѐ до моментот кога наеднаш исчезнал без објаснение за да се впушти во љубовна афера во аргентина, којашто довела до неговата оставка.

13. Арнолд Шварценегер

sx13

Ова е уште еден од оние ретки секс скандали кој ја минува тенката линија помеѓу светот на славните и политиката. Се открило дека актерот и гувернер на Калифорнија имал афера со неговата куќна помошничка, што довело до развод со неговата сопруга која по иронија на судбината потекнува од семејството Кенеди.

14. Тајгер Вудс

sx14

Веројатно најозогласениот голфер на сите времиња, чијшто имиџ бил уништен по откривањето на неговите бројни афери и покрај тоа што бил оженет со познат фото-модел.

15. Дејвид Петреус

sx15

Генералот со четири ѕвездички и директор на ЦИА не успеал да ја скрие неговата долга афера и откако неколку срамни имејли протекле во јавноста, морал да поднесе оставка.

16. Елиот Спитцер

sx16

Поранешниот гувернер на Њујорк си ја видел кариерата како му заминува по ѓаволите кога било откриено дека потрошил над 80.000 долари на проститутки, при што дел од парите биле од фондовите за неговата кампања.

17. Ерол Флин

sx17

Екранската легенда познат по неговата улога на Робин Худ и бројни други акциони филмови бил дел од огромен секс скандал, кога бил обвинет за силување на две малолетнички. Иронично, после ова неговата популарност се зголемила.

18. Роман Полански

sx18

Сличен е случајот и со славниот режисер, кој бил уапсен откако злоставувал 13-годишно девојче од Лос Анџелес, по што избегал во Европа за да го избегне кривичното гонење.

19. Мајкл Џексон

sx19

Починатиот крал на поп музиката имал ужасно детство полно со злоставување и насилство, така што не било големо изненадување кога се дознало дека се развил во доста збркана личност, често бивајќи мета на обвинувања за злоставување на момчиња на неговиот ранч „Недојдија“.

20. Џон Траволта

sx20

Ова сѐ уште не е потврдено, но не толку одамна се појавија засрамувачки шпекулации дека Траволта се обидел да го заведе неговиот масажер, а неговиот колега од Брилијантин, Џеф Конавеј изјавил дека Траволта се обидел и него да го пипка.

Сподели на Facebook
пати видено