Тетоважите се украс за телото, но многу често луѓето ги ставаат за да искажат некои свои чувства и за да одбележат одредени моменти од животот.

Едноставните тетоважи можат да опишат прилично интересни животни приказни и овие луѓе го знаат тоа од прва рака. Погледнете ги овие тетоважи и можеби ќе добиете инспирација за некое ново „обележје“ на вашето тело.

„Му дозволив на момче кое го запознав преку апликација да ме истетовира на првиот состанок бидејќи е тату-уметник“

„Ја направив оваа тетоважа во чест на мојот дедо кој почина од Алцхајмерова болест. До неговите последни моменти, правевме хартиени авиони заедно.“

„Го обновив мојот канадски пасош. Имаше само еден начин да се прослави … со тетоважа!“

„ОК со бела боја на мојот прст за да си ветам дека секогаш ќе бидам добро.“

„Пред една година го изгубив дедо ми. Тој беше пушач целиот свој живот, но неговите бели дробови се уште беа во добра состојба за да бидат донирани, па ја направив оваа тетоважа во чест на него.“

„Ова беше мојата прва тетоважа. Јас ја дизајнирав, откако го гледав филмот Interstellar. Филмот имаше огромно влијание врз мене, па затоа ја наравив тетоважата во морзеова азбука.“

„Имам мала тетоважа од сонце на мојата рака. Со години се борев со анксиозност и депресија, а мојата тетоважа ме потсетува дека без разлика што се случува, сонцето секогаш ќе изгрее следниот ден.“

„Имам “Ј” истетовирано на мојот зглоб за љубовта на мојот живот, која почина.“

„Го направив ова како потсетник за секогаш да гледам напред и да не дозволам работите да ме повлечат надолу. Тетоважата значи да се надмине сѐ!“

„Ја направив една недела по нападите во Париз, потсетувајќи ме од каде сум, и на генерацијата загубена од бесмислени напади.“

„Тоа требаше да биде половина од срцето. Мојата сестра истетовира “3” на делот на прстот.“

„За мојата црна мачка која почина на петокот 13-ти.“

„Ова во знаковен јазик значи ‘те сакам’. Отсекогаш имав проблеми со слухот и додека растев и се срамев од тоа, но имам убави сеќавања за честото покажување на овој знак. Оваа тетоважа е зад моето десно уво, кое е увото со најголемо оштетување на слухот.“

„Ја направив ова тетоважа со мојата снаа. Тоа е пар на раце во облик на матка. Забавно е, бидејќи повеќето луѓе не можат да дознаат што е тоа, така што мислиме на тоа како нашата мала тајна.“

„Комбинација на Хари Потер и д-р Сеус! Две серии на книги кои ми беа читани цело време додека бев мала па така го дизајнирав ова! Мојата маќеа и јас ги направивме на нашите подлактици.“

Сподели на Facebook
пати видено