Жените поминале низ тешки времиња борејќи се за нивните еднакви права, кои денес се неопходни за едно современо општество. Затоа понекогаш е тешко да се поверува како во минатото дури и најбаналните работи биле сметани за неприфатливи и шокантни. Ви претставуваме 20 историски фотографии кои ги шокирале нормите на јавниот морал во минатото.

Катрин Швицер се обидува да трча на маратон во Бостон во 1967 година, додека организаторите се обидуваат да ја сопрат. Ова се случило пет години пред да им биде дозволено на жените да учествуваат во маратонот.

Англискиот супермодел Џин Шримптон во мини-фустан за време на трките во Мелбурн. Нејзината облека предизвикала вистински бес кај гостите во 1965 година.

Овие 2 девојки носеле мини здолништа во Кејптаун во 1965 година.

Мод Вагнер, првиот познат женски тату-артист, која исто така, го покрила сопственото тело со тетоважи. (1907)

Овие две девојки биле првите што се појавиле со откриени нозе во јавноста во Торонто.

Членовите на британското движење за право на глас се бореа за правото на глас за жените. (Лондон, 1906)

Во 1966 година, Ив Сен Лоран им ја „даде“ „најмашката“ облека, смокингот, на жените. На неговите познати модели не им било дозволено да влегуваат во ресторани во панталони. Таквата облека била третирана како јасна провокација.

Анет Келерман, професионален пливач, филмска актерка и писател, позира во костим за капење. Таа била уапсена и обвинета за непристојно однесување во 1907 година.

Во САД, имало посебна лига која се состоела од фанатички противници на моралот кои се бореле против непристојни костими за капење. На оваа фотографија, актерката Лила Ли носи традиционален костим за пливање во 1920-тите.

Оваа жена е уапсена за носење костим за капење и откривање на нејзините нозе. (Чикаго, 1922)

Елизабет Екфорд била една од групата афро-американски студенти кои биле првите црни ученици што некогаш присуствувале на часовите. Оваа фотографија била снимена во 1957 година, веднаш откако Врховниот суд на САД одлучил дека е нелегално да се одделат децата во училиштата.

Били Џин Кинг била професионална тенисерка, рекордерка за нејзиниот број победи во Вимблдон и основач на установа за еднакви права меѓу мажите и жените во тенисот.

Марија Тереза де Филипс била италијански возач на трки. Таа била првата жена што се натпреварувала во Формула 1.

Сенда Беренсон била американска спортистка и основач на женската кошарка и ги изменила постоечките кошаркарски правила, измислени во 1891 година.

Хеди Ламар била американска филмска актерка и пронаоѓач, која ги уништила стереотипите за убавите жени и науката. Благодарение на нејзиниот пронајдок, денес имаме мобилна комуникација.

Членовите на „Организацијата на жени во војна против стилови“ застанале пред продавницата за облека во знак на протест поради подолги здолништа. (Калифорнија, 1947)

Роза Паркс дава отпечатоци од прсти по нејзиното апсење, бидејќи одбила да оди во задниот дел од автобусот кој бил „за бели луѓе“. (Алабама, 1956)

Марија Квант била дизајнерка која создала револуција, нудејќи им ги на жените мини-здолништата.

Пол Поаре бил француски моден дизајнер кој ги ослободил жените од корсети.

Овие ученички се враќаат со велосипедот дома за да ја променат својата облека, бидејќи тесната облека и шорцевите биле забранети во нивното училиште. (Западен Берлин, 1953)

Сподели на Facebook
пати видено