Сите знаеме дека нашиот крвен систем е навистина комплициран, затоа е важно да се грижиме за нашето срце и да си ја знаеме крвната група. За жал, многу луѓе не знаат за сите можности на нашето тело.

Потребни се 1.120.000 комарци за да ја исцедат целата крв од возрасен човек.

За да може да циркулира крвта срцето создава толкав притисок кој доколку би се ослободил во една точка би ја исфрлил крвта 9 метри во воздухот.

Човечко суштество може да живее без пулс. Во 2012 година, лекарите инсталирале уред во телото на Крег Луис, 55-годишник, кој овозможувал циркулирање на крв низ неговото тело без пулс.

Стен Ларкин живеел 555 дена без срце, чекајќи да добие трансплантација. Неговото срце било заменето со уред кој Стен го носел во својот ранец. Можел дури и да игра кошарка.

Количината на крв што поминува низ телото во циркулација за 25 дена е приближно еднаква на базен со средна големина.

Едно лице може да изгуби 40% од својата крв и да остане живо. Се разбира, потребна е навремена трансфузија на крв.

21% од сите срцеви напади се случуваат во понеделник. На второ место е петок. Научниците претпоставуваат дека причината е „излевање“ на стрес хормоните во почетокот на една недела.

Нашето чукање на срцето влијае врз нашето расположение. Научниците го проучувале овој феномен кога еден човек бил опремен со ново срце. По операцијата, неговиот ум, чувства и постапки се смениле на необични начини.

За да се намали ризикот од срцев удар, треба да се будите полека наутро и да го намалите интензитетот на вечерните вежби.

Кокосовата вода може да ја замени крвната плазма благодарение на сличните композиции.

Крвните групи можат да бидат причина за развод. Научниците открија дека постои врска помеѓу крвните групи на брачните другари и процентот на разводи. Така, за најсилни двојки се сметаат партнерите кои имаат О+. Двојките кои се одлучуваат за развод најчесто, имаат комбинации: A + AB или A + O.

Крвната група влијае врз нашето здравје. Луѓето со крвна група О не се склони кон кардиоваскуларни болести, но тие се повеќе подложни на развој на рак на кожата или дебелина.

Луѓето со крвна група А треба да обрнат внимание на нивото на холестерол во нивната крв. Тие се изложени на ризик за развој на коронарна срцева болест.

Оние со Б треба да запаметат дека се склони кон дијабетес и рак на панкреасот.

Луѓето кои имаат тип АБ реба да се грижат за нивната меморија и концентрација, бидејќи шансите за когнитивно оштетување кај АБ поединците се 82% повисоки отколку кај другите крвни групи.

Енергетските пијалаци го менуваат начинот на кој срцето чука. Научниците открија дека по пиење енергетски пијалоци, количината на кофеин е до 3 пати повисока отколку кај другите кофеински пијалаци како кафе или газирани сокови. Уште повеќе, тие влијаат на нашето отчукување на срцето и можат да предизвикаат срцев удар или смрт.

Диетите според крвна група не функционираат. Научниците од Универзитетот во Торонто покажаа дека специјалната диета според крвната група на поединците е мит.

Во Јапонија, постои посебна индустрија на стоки за секоја крвна група: храна, козметички производи и производи за лична нега.

Атлетските перформанси зависат од крвната група. Една студија направена во 2017 година покажа дека луѓето со крвна група О имаат подобра издржливост од другите групи. Меѓу елитните ватерполо играчи, научниците не нашле луѓе со крвна група АБ.

Нашиот карактер зависи од нашата крвна група. Научниците откриле поврзаност помеѓу карактерот на субјектите и нивните крвни групи. Во Јапонија, луѓето веруваат дека крвните групи влијаат врз особините на личностите и нивниот успех на работа и во лични односи.

Сподели на Facebook
пати видено