Смешно е што понекогаш толку сме убедени во некои едноставни работи, кои всушност се лажни, но кога ќе слушнеме некој факт кој е дефинитивно точен, но звучи толку чудно нашиот мозок како да одбива да поверува во таква информација.

Како на пример фактот дека запалката е измислена пред кибритот.

1. Можете да зовриете вода во хартиена чаша на отворен пламен

2. Најдолг период помеѓу раѓањето на близнаци е 87 дена

3. Никогаш не сте го виделе вашето вистинско лице (само слики и одраз на него).

4. Универзитетот Оксфорд е основан околу 200 години пред да се формира империјата на Ацтеките.

5. На Сатурн и Јупитер врнат дијаманти.

6. Запалката (1823) била измислена пред кибритот (1826)

7. ДНК на човекот е 60% слична на ДНК на банана.

8. Швајцарија случајно направила инвазија на Лихтенштајн 3 пати во последните 50 години, затоа што е многу мал.

9. Делфините имаат имиња едни за други.

10. Гигантските лигњи имаат мозок во форма на крофна за да може нивниот хранопроводник да помине низ средина.

11. Најголемата снегулка досега измерена имала пречник од 38 сантиметри.

12. Срцето на синиот кит е толку масивно, што човекот може да плива низ неговите артерии.

13. Шекспир го измислил името Џесика за неговата претстава Трговец од Венеција.

14. Вие не можете истовремено да ‘рчите и сонувате.

15. Франција сè уште користела гилотина за егзекуција на луѓето кога излезе првиот филм Војна на ѕвездите.

16. Рокот на медот никогаш не истекува. Можете да изедете мед стар 2000 години и да бидете во ред.

17. На ананасите им се потребни 2 години за да пораснат (и тие растат директно од земјата).

18. Носот ви е секогаш пред вашето поле на видик, едноставно мозокот го игнорира.

19. Гепардите не можат да рикаат. Тие мјаукаат слично како домашните мачки.

20. Кокосите убиваат повеќе луѓе од ајкулите секоја година.

21. Млекото од нилски коњ е розово.

22. Во Тексас има повеќе тигри отколку во остатокот од светот.

23. Веројатно сте испиле вода што содржи молекули од вода што некогаш минувала низ диносаурус.

24. 1 милион секунди е приближно 11 дена. Милијарда секунди е околу 32 години.

Сподели на Facebook
пати видено