Зигмунд Фројд (1856 – 1939) бил австриски невролог, сега познат како таткото на психоанализата. При создавањето на психоанализата, Фројд развил терапевтски техники како употребата на слободната асоцијација и го открил пренесувањето на чувства (трансфер), воспоставувајќи ја нивната главна улога во аналитичкиот процес. Неговото редефинирање на сексуалноста вклучувајќи ги и детските форми на сексуалност го довело до формулирањето на Едиповиот комплекс како централна догма во психоаналитичката теорија. Неговата анализа на соништата како исполнување на желбите му обезбедила модел за клиничката анализа на формирањето на симптомите и механизмите на репресија, како и за разработка на неговата теорија за потсвесното.

Sigmund_Freud_LIFE

Прочитајте некои од неговите незаборавни цитати:

1. Никогаш не сме побеспомошни кон страдањето како кога сакаме.

2. Од твоите ранливости ќе дојде твојата сила.

3. Времето поминато со мачките никогаш не е залудно.

4. Повеќето луѓе не ја сакаат слободата навистина, бидејќи слободата подразбира и одговорност, а повеќето луѓе се плашат од одговорноста.

5. Неизразените чувства никогаш не умираат. Тие се закопани живи и ќе избијат подоцна, на погрд начин.

6. Религијата е обид да се контролира нашиот сетилен свет во кој се наоѓаме со помош на свет каков што посакуваме, кој сме го развиле во нас како резултат на билошките и психолошките потреби. Но тој [измислен свет] не може да си ги постигне своите цели. Неговите доктрини со нив го носат печатот на времето во кое се појавиле, неуките детски денови на човечкиот род. Неговите утехи не заслужуваат доверба. Искуството не учи дека светот не е детска градинка. Етичките наредби, на кои религијата сака да ја добие својата тежест, бараат некои други основи, бидејќи човештвото може и без нив, а и опасно е да се поврзува послушноста со религиското верување. Ако некој сака на религијата да ѝ обезбеди место во човечката еволуција, се чини дека таа нема да биде трајна придобивка, слично како и неврозата која цивилизираниот човек мора да ја надмине при неговиот пат од детство кон зрелоста.

7. Религијата е систем на пусти илузии во несклад со реалноста, какви што не наоѓаме никаде на друго место освен во состојбата на халуцинарна збунетост. Единаесеттата религиска заповед е „Не поставувај никакви прашања.“

8. Неморалноста, не помалку од моралноста, наоѓа поддршка и во религијата.

9. Еден ден, погледнато наназад, годините на мака и борба ќе ви изгледаат како најпрекрасните години.

11. Добра вежба е да се биде целосно искрен со себеси.

12. Тој кој има очи да гледа и уши да слуша може да се убеди дека ниеден смртник не може да чува тајна. Ако усните му се замолени, тој ќе каже со своите прсти: предавството излегува од секоја негова пора.

13. Не, нашата наука не е илузија. Но, би било илузија ако си мислите дека тоа што не може да ни го даде науката можеме да го добиеме на друго место.

14. Каде и да одам, наоѓам дека пред мене таму бил некој поет.

15. Каде оди мислата кога ќе се заборави?

16, Однесувањето на човечкото суштество во поглед на сексуалните прашања често е прототип за сите други начини на кои реагира на животот.

17. Колку повеќе плодовите на знаењето се достапни на луѓето, толку пораширено е опаѓањето на религиските верувања.

18. Убавината нема очигледна примена; како ни било каква јасна културолошка потреба. А сепак, цивилизацијата не може без неа.

19. Љубовта и работата се камен-темелници на нашата човечност.

20. Поетите се господари на нас обичните луѓе, кога станува збор за познанието на умот, бидејќи тие пијат од изворите кои сѐ уште не се достапни на науката.

Сподели на Facebook
пати видено