Зборовите се моќни. Следните цитати гарантирано ќе бидат предизвик за вашиот начин на мислење, а можеби ќе го изменат и начинот на кој живеете.

ct

1. „Фактот дека живееме на дното на еден гравитациски бунар, на површината на планета покриена со гас, којашто кружи околу нуклеарна огнена топка на оддалеченост од 149 милиони километри и мислиме дека тоа е нормално очигледно е показател колку нашиот поглед кон нештата може да биде искривен.“ Даглас Адамс

2. „Не постојат факти, има само интерпретации.“ – Фридрих Ниче

3. „Лудоста на еден човек е реалноста на друг.“ – Тим Бартон

4. „Ако погледнете како што треба, целиот свет ќе го видите како една градина.“- Френсис Хоџсон Барнет

5. „Толку сме си важни. Толку арогантни. Сега секој спасува нешто. Ќе ги спасува дрвјата, ќе ги спасува пчелите, ќе ги спасува китовите, ќе ги спасува полжавите. А врвната арогантност? Ќе ја спасува планетата! Се шегуваат ли овие луѓе? Да се спаси планетата? Не знаеме да се грижиме ниту за самите себеси; не научивме ни да се грижиме едни за други. А ќе ја спасуваме е*ената планета?…О, и патем, сѐ си е на место со планетава. Планетата си е во ред. Луѓето се зае*ани! Во споредба со луѓето, на планетава ѝ оди одлично. Тука е повеќе од четири милијарди години…Планетата не оди никаде, народе. Нас ќе нѐ снема. Ние си заминуваме. Пакувајте си ги вашите с*ања, ние си заминуваме. И нема да оставиме голема трага. И фала му на Бога за тоа. Ништо нема да остане. Можеби малку стиропор. Планетата ќе си биде тука, а нас ќе нѐ нема. Уште една неуспешна мутација. уште една отстранета биолошка грешка.“ – Џорџ Карлин.

6. „Можеме да се жалиме затоа што розините грмушки имаат трња или да се радуваме затоа што трњата имаат рози“ – Абрахам Линколн

7. „За сите нешта е здраво од време на време да се стави знак прашалник за нештата кои ги долго ги земате здраво за готово.“ – Бертранд Расел

8. „Кога еднаш сте го виделе сјајот на среќа на лицето на саканата личност, знаете дека човек не може да има друг позив освен да ја буди светлината на лицата околу него. Среде зима, јас конечно научив дека внатре во мене лежи непобедливо лето.“ – Албер Ками

9. „Секој ден човек треба да слушне барем една мала песна, да прочита една добра поема, да види една слика – и ако е возможно – да проговори неколку разумни збора“ – Јохан Волфганг вон Гете

10. „Тесноумен е тој кој на еден предмет не може да погледне од различни гледни точки.“ – Џорџ Елиот

11. „Најчесто очигледното е најтешко да се забележи. Луѓето велат дека ти е пред нос. Но, колку можете да си го видите носот, освен ако некој не стави огледало пред вас?“ – Исак Асимов

12. „Не е твоја работа што мислат луѓето за тебе.“ – Марта Грахам

13. „Двајца луѓе никогаш не ја читаат истата книга“ – Едмунд Вилсон

14. „Космосот е во нас. Ние сме направени од ѕвезден материјал. Ние сме начин универзумот да се спознае себеси.“ – Карл Саган

15. „Верувам дека постои еднаквост за сите луѓе. Сите сме за никаде.“ – Бил Хикс

16. „Често треба да ги изгубиме од вид нашите приоритети за да ги видиме.“ – Џон Ирвинг

17. „Тоа што го гледаме главно зависи од тоа што го бараме…Во истото поле земјоделецот ќе забележи плод, геологот фосили, ботаничарот цвеќиња, уметникот бои, спортистот поле за игра. Иако можеме да гледаме на исти работи, не значи дека сите треба да ги видиме.“ Џон Лубок

18. „Стравот од појавување е првиот симптом на импотенција.“ – Фјодор Достоевски

19. „Ако секогаш пристигнуваме и заминуваме, вистина е и дека сме вечно засидрени. Новото одредиште не е некое место, туку само нов начин на гледање на нештата.“ – Хенри Милер

20. „Ако се искачиме доволно високо, достигнуваме височина од која трагедијата престанува да изгледа трагична.“ – Ирвин Д. Јалом

 

Сподели на Facebook
пати видено