Секој од нас посакува да стане милионер. Сите знаеме дека со пари среќа не се купува, но добро би ни дошол еден брз автомобил, можеби и вила со базен… Но, не сите деца на милионери се среќни. Овие 19 анонимни признанија од деца на милионери низ светот го покажуваат тоа.

1. Помагање на другите

„Моите родители се милионери. Понекогаш чувствувам дека во активистичките групи, моето мислење нема да се сфати сериозно поради моите привилегии.“

2. Тајност

„Само затоа што не поседувам тони дизајнерски алишта и накит, не значи дека немам пари. Моите родители се милионери. Јас едноставно не сакам да се расфрлам.“

3. Среќата со пари не се купува

„Моето семејство е составено од милионери. Никогаш не сум сретнал толку несреќна група на луѓе во мојот живот.“

4. Штедење

„Луѓето мислат дека сум сиромашна затоа што работам две работи и купувам од евтини продавници, но моите родители се милионери.“

5. Бегство

„Моите родители се милионери. Не можам да дочекам да се оттргнам од парите.“

6. Љубов кон државата

„Моите родители се милионери, но претпочитам да оставам свој белег во светот, па ќе се приклучам на маринците.“

7. Приватност

„Моите родители се милионери и имаат неколку куќи, но само моите девојки дознаваат. Јас сум скромен и сакам сам да заработувам.“

8. Потрага по вистинска врска

„Никој не знае дека моите родители се милионери за да најдам пријател кој ќе биде со мене за тоа што сум а не тоа што го имам.“

9. Сигурност

„Моите родители се милионери но сакааат да купуваат работи кои што се на попуст.“

10. Решение за се

„Моите родители се милионери кои фрлаат пари за нивните проблеми. Јас сум проблем.“

11. Буџетирање

„Моите родители се милионери, но кога бев на универзитет, живеев од месечен буџет од 200 евра само за да се вклопам со сите други. Моите родители ми понудија надоместок од 600 евра неделно.“

12. Родителите едноставно не разбираат

„Моите родители се милионери, но тие не разбираат дека не сакам поклони и пари.“

13. Навреди

„Луѓето велат дека сум разгалено детиште само затоа што моите родители се богати.“

14. Свој пат

„Моите родители се милионери и сторив се за да бидам најдобар во генерацијата. Сега отворив сопствена теретана наместо да се вклучам во смејниот бизнис. Дали сум лоша личност?“

15. Поседување

„Не ми е жал и не се срамам поради тоа што моите родители се милионери или дека уживам во нивните пари.“

16. Не се секогаш тука да помогнат

„Моите родители се милионери, а јас сум десетици илјади во долгови. Смешно е како функционираат работите.“

17. Парите не решаваат сè

„Моите родители се милионери и сите ми кажуваат дека изгледам убаво. Но јас се борам со депресија, анксиозност, анорексија и самоповредување. Не е секогаш забавно.“

18. Повеќе пари, повеќе проблеми

„Верувајте ми милионерите не се забавни, само се грижат за парите и да купуваат работи. Да, тоа ќе го кажам затоа што моите родители се милионери.“

19. Сакате да го видите светот

„Целото мое семејство е составено од милионери. Тие сакаа да останам и да управувам со бизнисот … но заминав да студирам и еден ден да патувам низ светот. Тие мислат дека сум луд.“

Сподели на Facebook
пати видено