Силната половина на човештвото е секогаш под контрола на жените. Ние веќе ве запознавме со типовите на мажи на првиот состанок (тука) и размислувавме на темата како мажите се менуваат со текот на времето.

И денес имаме сосема нова класификација на момците, и овие 18 стрипови се посветени на нив.

1. Мажот – брза храна

  • Тие се обично мажи за краткотрајни врски, но некако постојано му се враќате.
  • По секој состанок следи чувство на вина.

2. Мажот – сончоглед

  • Општо земено, не се смета за интересна опција.
  • Но, кога еднаш ќе почнете да излегувате со него не можете да престанете.

3. Мажот – острига

  • Средбата со него не дава многу задоволство.
  • Но, тој изгледа неверојатно добро и сакате да бидете видени со него во јавност.

4. Мажот – маршмалоу

  • Иако не можете да кажете по неговиот изглед, ова е вистинско богатство.
  • Жежок. Никогаш не е здодевен.

5. Мажот – зелен чај

  • Тој секогаш знае сè. Јасно го планира својот живот, а понекогаш и вашиот.
  • Вие сфаќате дека тоа е корисно, но поради горчливиот вкус, не сте подготвени да бидете во негово друштво секој ден.

6. Мажот – пржени компирчиња

  • Пријател од раното детство.
  • Без разлика на какви убави јадења да пробате во животот секогаш се враќате кај него.

7. Мажот – кроасан

  • Потребно е подолго време да се дојде до неговиот крем.
  • Но, понекогаш излегува дека е празен.

8. Мажот – сладолед

  • Ве привлекува само додека е ладен.
  • Штом почне да покажува симпатии и внимание, станува неинтересен.

9. Мажот – пица

  • Секогаш доаѓа со „испорака“ доколку ви е потребен.
  • Но, првин се јавува за да не биде нападно.

10. Мажот – хот дог

  • Мирисот секогаш ве мами.
  • Но кога ќе погледнете што има внатре сфаќате дека не е нешто посебно.

11. Мажот – тофу

  • Неутрален во сите погледи.
  • Нема ништо интересно кај него.

12. Мажот – маслинка

  • Отпрвин можеби изгледа незрело и несериозно.
  • Но, со долга трпеливост се отвара од нова страна: мирна, тивка, воздржана. За ова треба да растете.

13. Мажот – војнички грав

  • Сигурен како калашников.
  • Понекогаш досаден, но со него никогаш нема да се изгубите во шумата.

14. Мажот – мед

  • Вкусен, здрав.
  • Ниту времето ниту околностите не можат да го расипат.

15. Мажот – авокадо

  • Брзо се расипува.
  • Нема да биде употреблив неколку дена по запознавањето.

16. Мажот – чипс

  • Целосно разочарување.
  • Наместо ветениот богат внатрешен свет добивате 50% воздух.

17. Мажот – пудинг

  • На изглед не е најпривлечен, но кога ќе го вкусите ќе сфатите дека е уникатен.

18. Мажот – кафе

  • Јак, врел и не ви дава да заспиете.
  • Но, главната работа е во тоа е дека не можете да живеете еден ден без него.

Сподели на Facebook
пати видено