Во близина на Вашингтон планот на една ученичка да го нападне училиштето пропаднал затоа што нејзиниот татко го открил тоа и ја пријавил во полиција. Никол Саверио сакало да направи масакар во нејзиното средно училиште и била спремна да се убие на крајот од нејзиниот напад.
Таа за нападот земала пушка, огномет и шајки за кои полицијата верува дека би ги искористила за да направи импровизирани бомби.
Шерифот Чак Џенскинс изјавил: „Очигледно таа имала намера и средства и ние веруваме дека тоа навистина би се случило.“ Девојчето планирало да го изврши нападот за една недела и уште се подготвувала пред да биде откриена од нејзиниот татко. Џенскинс објаснува дека таткото забележал дека неговата ќерка чудно се однесува и затоа решил да го прочита нејзиниот дневник. Кога ги открил намерите на неговата ќерка веднаш се јавил во училиштето и полицијата.
Освен што имала спремено огнено оружје, девојката исто така проучувала и други масовни убиства во училишта и имала детални снимки од процедурите за итни случаи на училиштето. Шерифот верува дека девојчето исто така го проучувало и движењето на жената која е заменик шериф и е задолжена за безбедноста во училиштето. „Веруваме дека ја набљудувала нејзината шема на доаѓање и заминување. Најверојатно набљудувала каков вид на оружје носи.“, вели шерифот.
Едно момче од нејзиното училиште вели дека Никол е мило девојче со смисла за хумор и дека е тешко да се замисли дека може да направи такво нешто. Додека пак друго девојче вели дека приметила дека нешто се случува со неа, но никогаш не би можела да замисли дека е толку лошо. Потпаролот на училиштето Мајкл Дор, изјавил дека немало ништо невообичаено во дисциплинското досие на Никол. Но, во нејзиниот дневник била напишана различна приказна, таа пишувала за нејзините проблеми и како имала желба да стане „првата девојка масовен училишен убиец“.
Жителите и властите на градот му се благодарни на таткото на Никол, кој донел тешка одлука и ја пријавил неговата ќерка. Никол била однесена во болница за да добие психијатарска проценка, а потоа ќе биде приведена и би можела да добие и до 50 години затворска казна доколку биде осудена.

