Тинејџерката ја продава својата невиност за да си го плати студирањето и тврди дека веќе добила понуда од 1 милион евра. 18-годишната Никол се надева дека ќе студира бизнис на Универзитетот Кембриџ и се надева дека ќе се продаде на највисокиот наддавач за да ги оствари своите соништа.

Италијанката исто така се надева дека ќе се пресели во Велика Британија, ќе им купи куќа на своите родители и ќе и помогне на својата сестра со екстра пари. Нејзиниот псевдоним е: Една ноќ со Никол и аукцијата ја врши европски ескорт сајт Elite Models VIP.

„Кога имав 16 години одлучив дека мојата невиност е скапоцена. Бев во врска со еден човек многу постар од мене, но решив дека ќе ја изгубам мојата невиност само за човекот што го сакам и за човекот со кој сакам да се омажам во иднина. Сакав добро образование, па почнав да барам на интернет начини за финансирање на моите студии и наидов на серија аукции и открив дека има девојки кои ја продале невиноста за 3,1 милиони фунти, па решив дека ќе го сторам истото кога ќе наполнам 18.“, вели младата Никол.

 

Никол, која повремено работи како модел, вели дека ја крие аукцијата од нејзините родители затоа што тоа би ги „уништило“. Од Elite Models VIP тврдат дека тие обезбедуваат услуги за „ дружење за многу селективни господа кои го бараат само најдоброто.“ Тие моментално имаат пет ескорт девојки кои се невини и му овозможуваат да клиентот да си донесе лекар кој ќе ја потврди невиноста.

Во ноември 19-годишната Жизел од САД ја продала невиноста за над 2 милиони евра, преку познатата германска веб-страница на Cinderella Escorts. Од агенцијата велат дека најголемиот наддавач бил бизнисмен од Абу Даби.

Сподели на Facebook
пати видено