Луѓето денес можат да го изразат своето мислење на секаков начин, но најчесто го прават преку оставање на коментари. Сепак луѓето не очекуваат да пронајдат коментари од ваков тип на веб страна која има поинаква „намена“.

Да, станува збор за најчудните и најсмешните коментари на една од најпознатите  веб страници за возрасни, коишто мора да ги видите со свои очи.

1. Почнувам да мислам дека ова не е Јутуб

2. Само што ѝ кажав на мојата симпатија дека ми се допаѓа мислам дека и на неа и се допаѓам и ја нема прочитано пораката уште и јас чекам и многу сум возбуден и не знам што да правам. Не сакам да пушам, не сакам да мастурбирам и не сакам да спијам. Ова беше единствената платформа на која се чувствував удобно јавно да зборувам за тоа.

3. Наслов на видео: Автомобилот на Медисон Ајви се расипа и потребна ѝ е помош; Коментар: Дел од Хонда број 30102-П54-006 за секој кој страда од истиот проблем. Таквото удирање е само привремено решение…

4. Понекогаш кога јадам М&М сакам да ги држам двете М&М помеѓу моите прсти и да ги стискам колку што можам додека едно М&М не пукне, го јадам пукнатото, а онаа што не пукнало станува шампион. Тогаш грабнувам друго М&М и го присилувам да се натпреварува со шампионот во оваа смртоносна игра на М&М гладијатори. Го правам ова додека не ми снема М&М и кога ќе остане само едно М&М праќам писмо до брендот М&М со М&М шампионот во него со белешка на која пишува: „Ве молам искористете го ова М&М“

5. Не сфаќам, гледам Плејстејшн 4 со Бог на Војната во позадина, како е можно да имаат време за е*ење?

6. Навистина!! Цензурирана верзија на песна! ВО ПОРНО!; Втор коментар: Извинете господине ова е Христијанско порно.

7. Здраво направив профил тука само за да кажам дека ја направила најлошата кајгана што сум ја видел. Не можев да се сконцентрирам откако го видов ова унакажување.

8. Дури ни тушот не го исклучија. Какво трошење на вода. Не можам да мастурбирам на ова.

9. Може да се слушне свирка на автомобил на 3:37, затоа не мислам дека оваа девојка е вистинска стјуардеса мислам дека се на копно и дека глумат.

10. Која епизода од Американски татко одеше во позадината? Звучи како добра; Втор коментар: Тоа е сезона 8 епизода 5- Зошто не можеме да бидеме пријатели.

11. Таа не му се ни заблагодари на возачот на автобусот

12. Како и во повеќето порно филмови оваа видео беше уништено од музиката; Втор коментар: Мојот цимер влезе и ми кажа да ја исклучам глупавата музика.

13. Се пријавувам за секс пред брак; Коментар од „Папата“: Ти благодарам, ја примив твојата пријава. Ќе средам.

14. Почнав да го користам Шрек како единица за време, каде што 1 Шрек е = 1 час и 35 минути (должината на филмот). Примери: „Ќе се видиме за шрек“, „Вечерата ќе биде спремна за половина шрек“, „Мојот роденден е за 469,9 шрекови“

Втор коментар: Обидете се да го прочитате ова кога сте напушени до коска.

15. Германската дога трча во просек 28 милји на час. Скуби Ду е Германска дога. Тој и Шеги секогаш трчаат еден до друг во цртаните. Ова значи дека Шеги го победил Јусејн Болт со најголема брзина од 23 милји на час. Технички Шеги е најбрзото човечко суштество во светот.

16. Да сексот е добар, но дали некогаш сте пробале да ги измиете садовите веднаш штом ќе завршите со користењето за да не се натрупаат?

17. Луѓето се пофини на коментари на порно отколку на Фејсбук. Втор коментар: Тоа е затоа што сите сме ослободени од стрес од мастурбирање.

Сподели на Facebook
пати видено