Во светот од скоро 8 милијарди луѓе, тешко можеме да се издвоиме од толпата. Меѓутоа, овие луѓе во нашата листа успеале да освојат големо внимание. Додека некои од нив се родени со своите неверојатни таленти и особини, други имаат постигнато признание благодарение на нивната упорност и креативност.

1. Најеластичната кожа

Гери Турнер од Велика Британија е вистински Еластичен Човек. Неговата кожа е толку флексибилна што се протега до 15,8 см. Неверојатната флексибилност на Гери се должи на ретка медицинска состојба позната како Ehlers-Danlos Syndrome – генетско нарушување кое предизвикува хипер-мобилност на зглобовите и хипер-еластичност на кожата.

2. Жена со најмногу пирсови

Елејн Дејвидсон, поранешен сопственик на ресторан од Бразил, е позната по својата безусловна љубов кон пирсинг. Елејн го ставила својот прв пирсинг во 1997 година и оттогаш е прободена повеќе од 4.225 пати. И таа нема намера да престане.

3. Најмногу тунели од ткиво на лицето

Џоел Миглер од Германија го држи рекордот за најмногу тунели од ткиво на лицето. Во 2014 имал 11.

4. Повеќе пирсови на јазикот

Друг голем пирсинг-фан на нашата листа е Френк Вака од САД. Неговиот јазик е најпрободен во историјата со неверојатни 20 пирсови низ него!

5. Најтетовирани постари лица

Запознајте ја прекрасната двојка од САД, Чарлс Хелмке и Шарлот Гутенберг. И двајцата се љубители на тетоважи и се прогласени за стари лица со најмногу тетоважи во светот. Телото на Чарлс е 97.5% покриено со тетоважи, а на Шарлот е покриено 91.5%.

6. Најширока уста

Франциско Доминго Хоаким „Чикињо“ има многу уникатна особина – го држи рекордот за најширока уста во светот. Овој човек од Ангола може да ја отвори својата уста во ширина до 17 см.

7. Најдолгите нокти досега (машки и женски)

Вулверин сигурно ќе биде љубоморен на овие канџи! Двајца државјани на САД, Мелвин Бут и Ли Редмонд го држат рекордот за најдолгите машки и женски нокти досега.

8. Највисокиот мохавк

Ништо не го опишува подобро панкот од добар мохавк. И можеби никој не ги сака повеќе од Ерик Хан, кој во 2008 година го имаше највисокиот мохавк со големина од 68,58 сантиметри.

9. Најдолга коса

Хие Киупинг од Кина има најдолга коса во светот, долга 5,627 метри. Жената вели дека престанала да ја сече нејзината коса кога имала 13 години. Можеби приказната за Златокоса, сепак, не е бајка?

10. Најдолги трепки

Ју Јианхиа е рекордер за најдолгите трепки во светот. Нејзините трепки изнесуваат 12.40 см.

11. Најдолгата брада

Сарван Синг од Канада повеќе личи на дух од Аладиновата ламба отколку на обичен човек! Неговата брада е неверојатна. Изнесува 2,495 метри и се смета за најдолга брада во светот.

12. Најмалиот струк

Ако мислите дека Кардашијан имаат најголем сооднос на половината со колковите, размислете повторно. Неверојатната Кејти Јунг од САД има половината со дијаметар од само 38,1 cm!

13, 14. Највисок жив маж и најниска жива жена

Со неверојатна височина од 251 см, Султан Косен од Турција е именуван за највисок човек во светот. Јоти Амге од Индија, од друга страна, е висока само 62,8 см, што ја прави најниската жена.

15. Највисок човек досега

Иако височината на Султан звучи импресивно, тој ќе изгледал низок пред Роберт Вадлоу. Роден во САД, Роберт го држи Гинисовиот рекорд за највисокиот човек досега – неговата висина изнесувала 2,72 m!

16. Прскање млеко од очите

Да, има рекорд за такво нешто. Илкер Јилмаз од Турција го направи најдалечното прскање на млеко со очите на растојание од 279,5 см. Тој ги користи и неговите назолакримални и солзални канали за да го изврши овој чин.

17. Супер-флексибилни нозе

Ова не е Фотошоп, ова е Максвел Деј од Велика Британија! Нозете на момчето се крајно флексибилни – десната нога на Максвел може да се се сврти за неверојатнои 157 °, а левата нога за 143 °. Максвел го држи рекордот за најголемата ротација на нозе досега.

Сподели на Facebook
пати видено