1. Закон на механиката: Во моментот кога ќе ги измачкаш рацете со моторно масло, носот те ѕверски те зачешува.

2. Закон за гравитацијата: Секоја алатка, орев, завртка, паѓајќи на подот, застанува на најтешко пристапното место во просторијата.

3. Закон на веројатноста: Веројатноста дека некој те гледа е правопропорционална со глупоста што ја правиш во моментот.

4. Закон на случаен број: Ако свртиш на погрешен број, никогаш нема да биде зафатено и некој секогаш ќе одговори.

5. Закон на алиби: Ако му кажете на вашиот шеф дека сте задоцниле, бидејќи ви пукнала гумата, утредента сигурно ќе ви се пукне.

6. Закон на проментата: Ако ја смениш лентата во која си чекал на каса, претходната во која си бил ќе започне да се движи побрзо, од онаа во која си сега.

7. Закон за капење: Кога телото е целосно потопено во вода, телефонот ѕвони.

8. Закон на блиските средби: Веројатноста да сретнеш некој е поголема кога си со некој со кого не сакаш да бидеш виден.

9. Закон на доказот: Кога се обидуваш да докажеш некому дека нешто не работи, тоа во истиот момент проработува.

10. Закон на биомеханиката: Колку повеќе те чеша, толку потешко стасуваш до местото.

11. Закон на театарот и стадионот: Луѓето кои седат најдалеку во редот, секогаш последни пристигнуваат и гледаат во текот на натпреварот/претставата да излезат што е можно повеќе пати, до тоалет, по пиво, им заѕвонел телефонот.

12. Закон на кафето: Во моментот, кога кафето ќе ти биде готово, тогаш шефот ќе те замоли да завршиш некоја работа, а истата ќе трае точно толку колку што му е потребно на кафето да се излади.

13. Закон на соблекувалната: Ако само двајца ја користат, нивните шкафчиња задолжително се едно до друго.

14. Закон на логички аргумент: Сè е можно, ако немате идеја за што зборувате.

15. Закон за трговија: Во моментот кога ќе откриете производ што навистина ви се допаѓа, тој престанува да се произведува.

16. Докторски закон: Ако не се чувствувате добро и си закажете преглед, додека да стасате до вашиот лекар, вие се опоравувате. Ако не се јавите на лекар, останувате да се чувствувате лошо.

Сподели на Facebook
пати видено