Кинеските работници уште еднаш ја покажуваат својата неверојатна ефикасност. Кога ќе замислиме колку време е потребно кај нас за да се направи една ваква „акција“ тогаш можеме да кажеме дека Кинезите се „светлосни години“ понапред. Околу 1.500 работници работеле околу девет часа за изградба на нова железничка станица во провинцијата Фуџиан, јужна Кина.

На видеото се гледа како градежните работници врзуваат три главни железнички пруги – железничката линија Ганлонг, железничката линија Ганруилонг и Жанглонг – со новата железничка линија Нанлонг. Тие исто така ги инсталирале сообраќајните сигнали и серијата опрема за следење на сообраќајот. Изградбата се одржа на железничката станица Нанлонг во градот Лонгуан. Таа започнала на 19 јануари и завршила во раните утрински часови на 20 јануари.

Проектот бил завршен толку брзо бидејќи работниците биле распоредени во седум единици за истовремено да се справат со различни задачи. Изградбата на железничката линија Нанлонг е во тек и се очекува да заврши на крајот од 2018 година. Со должина од 246 километри, железничката пруга треба да биде главна транспортна врска меѓу југоисточна Кина и централна Кина.

Сподели на Facebook
пати видено