Нашиот живот е исполнет со големи разновидни тајни, но не сите од нив се предодредени да бидат решени. На пример, дали некогаш сте размислувале за значењето и потеклото на секојдневните објекти како што се шише од Кока-Кола, пакувањето на Тоблероне или пак копчето за вклучување на вашиот лаптоп?

15. Капачиња и шишиња на белата мечка на Кока-Кола.

Секој Божиќ и Нова Година Кока-Кола прави посеби тематски шишиња за таа сезона. Еден од дизајните е поларна мечка. Но, ако погледнете подобро всушност, очите на поларната мечка се капачиња за шишиња, а рефлексијата на носот личи на обликот на стаклено шише од оваа компанија.

14. Нептун бил инспирација за USB симболот.

USB симболот е инспириран од трозабецот на Нептун, која симболизира сила. Значи означува „сила“ на еден кабел кој работи со различни уреди. И различните икони на краевите на трозабец укажуваат на неговата универзалност.

13. Ракување на Хјундаи.

Повеќето луѓе мислат дека логото на оваа автомобилска компанија е првата буква од нејзиното име. Сепак, ова не е вистина. Всушност, во форма на импровизирана буква „H“, клиентот и продавачот се претставени како се ракуваат.

12. Бинарни броеви на копчето за вклучување / исклучување.

Копчето за вклучување / исклучување на вашиот компјутер има цела приказна зад него. Кругот и линијата на копчето се „нула“ и „еден“ – исто како и во бинарниот систем. „Нулта“ значи исклучување и „еден“ е вклучено.

11. Златниот сооднос и логото на Apple.

Тајната на познатото каснато јаболко е неговата форма, која е изградена врз принципот на златниот сооднос. Формата на логото не се сменила од 1976 година – дури и кога било одлучено да се направи јаболко во една боја во 1998 година и да му се даде волумен во 2000 година.

10. Мечката на Тоблероне.

Седиштето на познатата компанија се наоѓа во Берн, Швајцарија, која е град на мечки (на германски, „мечка“ е „Bär“). Можеби не сте забележале, но можете да ја видите мечката на логото, насликана на позадината на планината.

9. BR се однесува на 31.

Овој популарен бренд е познат по својот слоган „31“, што значи дека купувачот може да ужива во нов вкус во секој ден од месецот. Дизајнерите го вградиле овој број во буквите „B“ и „R“ во логото на компанијата.

8. Паун на логото на NBC.

Едно од најпознатите логоа на сите времиња е паун со 6 обоени пердуви. Секој пердув симболизира една од 6 одделенија на компанијата (во моментот кога е создадено логото). Во негатив, може да се види дека главата на паунот гледа десно, а тоа покажува дека компанијата гледа напред во иднината.

7. „Залакот“ на Apple.

За да развие ново лого, Стив Џобс се свртел кон графичкиот дизајнер Роб Јаноф за помош. Требале да создадат едноставно, модерно и препознатливо лого. Роб се справил со оваа задача во рок од една недела. Во интервју, Јаноф зборувал за тоа како е создадено логото. Роб купи јаболка, ги ставил во сад, и почна да се подготвува, постојано отстранувајќи ги непотребните детали. Познатиот „залак“ бил направен со цел логото цврсто да се поврзува со јаболко, а не со други плодови, зеленчуци или бобинки.

6. Бакнеж во Hershey’s Kisses.

Чоколадото Hershey’s Kisses е една од најпопуларните во САД, а нивната уникатна форма е вградена во логото на производот. Погледнете внимателно помеѓу буквите „K“ и „I“ и можете да го видите најпознатиот „бакнеж“.

5. „Животен век“ на коземтички производ.

Во пакувањето на козметичките производи обично има мал симбол. Тој ни покажува период од месеци. На пример, 24M значи дека, по отворањето на пакетот, производот може да се чува 2 години. Се нарекува „Период по отворање“.

4. Небо и пропелер на логото на BMW

Првично, германската компанија БМВ произведувала мотори за авиони, така што логото останува верно на својата историја. Белите делови претставуваат движечки пропелер, а синото е небото.

3. 2 лица со чаша сос на логото на Тоститос.

2 од буквите „Т“ на веселото лого на Тоститос наликуваат на 2 лица, а сад за салса ја заменува точката над буквата „i“. Дизајнот ја промовира идејата да се здружиме за споделување на чипсот.

2. Шпенадла во Пинтерест.

Клучна карактеристика на оваа популарна интернет услуга е да ги собирате и „закачите“ сликите што ги сакате. Затоа, буквата „P“ е стилизирана да личи на шпенадла или на англиски pin.

1. Неочекувани моменти во Кралот Лав.

Хмм … Еротика во детски цртан филм за животни? Не ги потценувајте дизајнерите! Постерот за „Кралот лав“ крие ена работа на најистакнатото место … жена во танга. И како што можете да видите, таа не носи и градник. Фантазирање или реалност? Претпоставуваме дека никогаш нема да бидеме сигурни.

Сподели на Facebook
пати видено