Индијанците се многу посебен народ. Се верува дека тие поседувале големи знаења, од кои најголемиот дел, за жал исчезнале заедно со нив. Се проценува дека пред пристигнувањето на Европејците во Америка, на континентот живееле до 12 милиони американски домородци.

Тоа население брзо било сведено на 250.000 преку болести, самоубиства, геноцид, ропство и масовни убиства. Тоа било неверојатно голема трагедија и можеби е едно од најужасните нешта кои се случиле на било која етничка група во историјата на човештвото. А сепак, на таа трагедија не ѝ се посветува речиси никакво внимание. Човек да се запраша зошто.

Но, за среќа нивните мудри изреки останале да се пренесуваат од генерација на генерација и неверојатно е што секоја од нив, иако е многу стара важи и за модерниот начин на живот.

Водата нема коса. Добриот човек ги гледа добрите знаци.

За да се слушнете себеси потребни се тивки денови.

За да се разбереш, поразговарај со каменот во шумата…

Ако си забележал дека јаваш мртов коњ, слегувај!

Кога Големиот Дух подарува нов ден, тој го испраќа на сите и на сè.

Оној кој молчи знае два пати повеќе од дрдоркото.

Животот е како здив на бизон во зима.

Постојат многу начини да смрдиш како твор.

Мора само да се умре.

Прво погледнете ги трагите на вашите мокасини пред да му судите на некој друг.

Татковината е таму каде што ти е убаво.

Гавранот грака не затоа што доаѓа бура, туку затоа што непријателот се крие во грмушките.

Запамети дека и човекот е животно, само поумно.

Не секогаш непријателот е непријател, а пријателот, пријател.

Сè во светот има сопствена песна.

Сподели на Facebook
пати видено