Различни луѓе различно го сфаќаат поимот религија и имаат различна претстава за Бога. Сепак она што е сигурно е дека верата им помага на луѓето да надминат многу тешки и необјасниви ситуации во животот.

Нивото на образование и интелигенција не ја намалуваат вербата во Господ, а овие цитати на некои од најголемите луѓе во историјата докажуваат дека сите наоѓаме засолниште во религијата, без разлика на нашите карактеристики.

1. Сакам да знам како Бог го создал овој свет. Не сум заинтересиран за овој или оној феномен, спектарот на овој или оној елемент. Сакам да ги знам Божјите мисли; сите други работи се детали. – Алберт Ајнштајн

2. Колку повеќе се занимавам со науката, толку повеќе верувам во Бога. – Алберт Ајнштајн

3. Неспособноста да се замисли дека овој прекрасен и зачудувачки универзум и нашите свесни души се појавиле случајно е главниот доказ за мене за постоењето на Господ. – Чарлс Дарвин

4. Дали верувате во Бога? Јас не верувам, јас знам. – Карл Густав Јунг

5. Површната наука ќе те оддалечи од Бога, а длабокото истражување ќе те доведе до Него. – Луј Пастер

6. Верувам во Бога, но не во Бога на мистиците и теолозите, туку во Бога кој се манифестира во природата – големиот математичар, Архитект на универзумот, господарот, непроменлив, трансцендентален, вечен. – Волтер

7. Безбожното општество, во кое луѓето ги негираат своите религиозни потреби и се потсмеваат со нив, е осудено на осиромашен пад. – Теодор Рузвелт

8. Бог е единствениот господар на светот. Тој владее како монарх, а не како деспот, затоа што сака неговите заповеди да се почитуваат со љубов, а не со ропство. – Емануел Кант

9. Да се сомневаш во Бога, значи да веруваш во него. – Оноре де Балзак

10. Првата голтка од чашата на природните науки го прави човекот атеист, но на дното од чашата го чека Бог. – Вернер Хајзенберг, добитник на Нобеловата награда за физика

11. Човечката душа е како стакло. И Бог е светлината што минува низ неа. – Лав Толстој

12. Ние едноставно работиме со средствата кои Бог ни ги дал. Нема причина зошто науката и религијата да се во непријателски односи. И науката и религијата доаѓаат од истиот извор – единствениот извор на вистината – Творецот. – Џозеф Мареј, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија.

13. Колку е голем Господ во големите нешта, толку е голем и во малите. – Августин

14. Многу научници веруваат во Бога. А оние кои велат дека науката го прави човекот атеист, веројатно се патетични луѓе. – Макс Борн, добитник на Нобеловата награда за физика

15. Доколку те посвоеше Цар, твојата ароганција немаше да познава граници. Тогаш зошто не си горд што знаеш дека си Божји син? – Епиктет

Сподели на Facebook
пати видено