Џозеф Марфи бил натурализиран американски автор и член на свештенството (министер) на филозофското движење „Нова мисла“, надлежен за Божествена наука и религиозна наука. Едно од неговите најпознати дела е книгата „Моќта на потсвеста“, каде што тој ги става нашите добри мисли како клучен елемент за среќен живот. Ова се само неколку од неговите мисли за кои многу луѓе веруваат дека водат кон патот на среќен и испонет живот.

1.Најголемата тајна, поседувана од најголемите луѓе на сите времиња е нивната способност да дојдат во контакт со потсвеста и да ги ослободат силите во неа. Вие исто така го можете тоа!

2. Во нас има природна желба да бидеме богати, среќни и успешни нема ништо лошо тука, напротив, тоа ни е дадено одозгора од космичката сила.

3. Вие сте како капетан кој раководи со својот брод, треба да давате правилни инструкции (мисли и слики) на вашата потсвест која што ги контролира и управува вашите доживувања.

4. Вашата желба е Вашата молитва. Замислете го исполнувањето на таа желба токму сега, почувствувајте го како реалност и ќе дознаете каква е радоста од тоа Вашата молитва да биде слушната.

5. Решително отстранете ги негативните мисли, како што се сечат исушените гранки од здравото дрво.

Џозеф Марфи (20 мај, 1898 – 16 декември, 1981)

6. Злобата и зависта се пречки за приливот на богатство. Радувајте се на богатството на другите.

7. Законот за потсвеста е праведен, тој со математичка точност го извршува она што е утврдено во него. Доколку мислите Ви се исполнети со зло, тогаш ќе доживувате само проблеми и несреќи. И обратно, исполнете се со добри мисли и животот ќе Ви биде исполнет со среќа и успех. Таков е законот.

8. Сè што ве исполнува со вера, доверба, радост и ентузијазам, има власт над вас и управува со Вашето однесување. Ентузијазмот раководи сите Ваши активности, бидејќи ентузијазам значи „опседнат од Бога“.

9. Кај Вас не би се појавила некоја желба доколку не постои начин за реализација. Сфатете дека вечниот Дух кој Ви ја донел оваа желба ќе Ви открие и совршен план за нејзино спроведување.

10. Најдлабоките слоеви на вашата потсвест кријат во себе една бескрајна мудрост, неограничена сила и непресушен фонд на можности, способности и таленти, кои само чекаат да бидат развиени и да се појават во целост. Сфатете го вистинското постоење на овие духовни сили во себе и тие веднаш ќе додадат контури во Вашиот живот.

11. Бог никогаш не казнува и не прашува. Човекот се казнува себеси заради незнаењето да ги користи законите на разумот. Единствениот грев е незнаењето, а сите страдања на светот се само негови последици.

12. Успех значи да живееш исполнет и среќен живот, да ги манифестираш најдобрите квалитети и да ги споделуваш со светот сите свои таленти.

13. Ако вашите желби и сликите на вашите фантазии си противречат, тогаш последните секогаш се покажуваат посилни.

14. Вие имате полно право да бидете богати, да живеете во изобилство и да поседувате среќа и успех. Парите ни се потребни за да се ослободиме од товарот на сиромаштијата и тесните граници.

15. Во сиромаштијата нема доблести. Таа наликува на умствено растројство, од кое што треба да се лекуваме како и од секоја друга болест. Ние сме дојдени на земјата, за да ги откриеме сопствените можности и таленти, а исто така и за да растеме и да се развиваме не само духовно и ментално, но и материјално ниво.

Сподели на Facebook
пати видено