Секој од нас понекогаш сака да ја прекине досадната Екремова шема „куча-посо“ и да направи нешто интересно и необично. Ако сеуште не сте решиле, тогаш еве неколку луѓе кои ќе ве инспирираат на тоа.

1. Баба Ирина О’Шија има 102 години и скока со падобран за да собере пари за добротворни цели

2. Пар од Вилнус, Литванија, сите здодевни слики во ИКЕА ги замени со свои фотографии

3. Сабир Абдусабур става маска и патролира со велосипед на улиците на Њу Хевн, САД, опоменувајќи ги возачите кои ги кршат правилата.

4. Ерион сака да биде сирена. Тој половина од својот живот го поминува во вода и е редовен посетител на многу собиранки на сите сирени во светот. И такво нешто постоело, клик тука .

5. Ела Лондон ја сака жолтата боја и носи само жолта облека.

6. Чак работи како придружник за шетање: Тој ќе шета со вас и ќе разговара. Услугата чини 21 долар на час и има голема побарувачка.

7. 12-годишниот Широ Ортиз ги слуша проблемите на луѓето во метрото или на улица и им дава „емотивен детски совет“

8. 66-годишната Лариса Михалцова живее во село, чува кокошки и ги учи децата да свират хармоника. Таа исто така работи како модел и е меѓу 100-те највлијателни жени во светот.

9. Стив Бак си направил електричен коњ и го користи наместо автомобилот.

10. Во текот на целата година, секој ден, Колин Хугинс го турка своето пијано на тркала на своето место на улицата и им свири на минувачите.

11. Мет Каланен остава на улиците коверти со пари и барање луѓето што ќе ги најдат да ги потрошат на добро дело. И тоа функционира: луѓето ги честат бездомниците ручек и прават други добри дела

12. Мајкл Кветинг го научил јазикот на кој комуницираат гуските, израснал 7 гуски од мали гувчиња, ги научил да летаат со помош на параглајдер, а потоа ја напишал книгата „Тато гуска“

13. Бабата ветила пред целото семејство дека кога ќе наполни 90 години, ќе си направи розова панкерска фризура. И го направи тоа!

14. Валери Мелников од село Марково секоја зима црта на снегот џиновски Новогодишни картички.

15. Симон Витер од Ливерпул секоја година организира вечера за самци кои немаат со кого да го прослават Божиќ.

Сподели на Facebook
пати видено