Има луѓе кои никогаш не се откажуваат. И нивните соништа често се остваруваат. Тешко е да се расправате со фактот дека е полесно да ги остварите вашите соништа ако продолжите да се борите, без оглед на сѐ.

Најверојатно оваа упорност е она што им помогнало на луѓето од денешната статија да го направат својот живот поубав и поуспешен и да станат луѓето кои отсекогаш сакале да бидат.

Замислете да учите за испит веднаш по породувањето?

„Скоро ништо да не ме боли, иако не можам уште да се движам, знам дека вредеше.“

Овој човек и неговата сопруга биле зависници, но веќе 5 години се чисти и имаат 3-годишна ќерка.

„Пред 2 години умирав во болнички кревет поради мојата тешка Кронова болест, денес ми остануваат 7 месеци од дипломирањето, за да земам диплома со која ќе им помагам на луѓето со Кронова и Колитис!“

Напредок во цртањето од 2016 до 2018

„Неодамна добив работа. Јас веќе немам самоубиствени мисли и уживам во моето слободно време сега, наместо да бидам во агонија.“

„3 сета склекови 3 месеци по операцијата на рбетот. Сѐ уште сум многу слаб но работам на тоа да си ја вратам тежината.“

„4 години се борев со неплодност конечно ми се оствари сонот.“

„Кога бев во основно напишав есеј за Малдивите и отсекогаш сум сакала да одам таму. Кончено со мојот сопруг успеав.“

„По 6 месеци штедење и вршење работи како косење тревник, шетање кучиња и слично (разботи за тинејџери), конечно успев да си купам Нинтендо Свич“

„Отсекогаш сум бил алергичен на мачки, но со доволно инекции изградив имунитет. Запознајте го моето прво маче кое го спасив, Леголас“

Ова е Танер Вилсон, матурант, кој две години штедел за да му купи на најдобриот пријател моторизирана инвалидска количка.

„Денес е денот кој значи дека сум трезен 1 година. Ова беа најдобрите 365 дена од мојот живот.“

„Не е многу, но ова можам да си го дозволам и за прв пат по многу време се чувствувам безбедно и среќно“

Сподели на Facebook
пати видено