1. Не сум го скршил, тоа така си беше.
2. Не ме испрашуваа денес.
3. Цел ден учев.
4. Денес ќе си ја средам собата.
5. Учев дома и го знам, ама сега во моментов се блокирав и не можам да се сетам.
6. Со Маја решаваме задачи по математика, ќе останам да спијам кај нив.
7. Нешто ме боли главата, а може да кревам и температура. Може е подобро утре да не одам на училиште.
8. Јас никогаш не бегам од часови.
9. Дај 50 денари, утре ти ги враќам!
10. Сè си изедов, бабо.
11. Не пушам цигари, овие во џебот се на еден другар.
12. Чичко ми е полицаец.
13. Овој флипер го превртувам со 1 жетон.
14. Не знам кој ги изел чоколадните бомбони. Не сум јас.
15. Не сум го удирал. Како што си игравме и тој одеднаш почна да плаче.
(дополнете ја листата во коментари)

Сподели на Facebook
пати видено