– На кого личи бебето?!?!
– Ист е како татко му!!! Цело време спие, а кога ќе стане веднаш се фаќа за шишето…

– – – – – – –

– Колку чини парфемот „Антонио Бандерас“?
– 100 евра…
– Ц, ц, ц… а имате ли нешто од Сашко Коцев?

– – – – – – –

Само еден е подобар од Ѓоковиќ на трева…
– Боб Марли…

– – – – – – –

Женската логика е непобедлива. Ако не креваш на телефон – значи си по к*рви, ако те нема на Фејсбук – значи си по к*рви, ако си на Фејсбук – значи си пишеш со некакви к*рви.

– – – – – – –

– Крај! Те напуштам! Ти постојано ме навредуваш за вишокот килограми!
– Те молам душо немој! Помисли на нашето дете!
– Какво дете?
– Ама ти не ли си бремена?

– – – – – – –

– Јадев ќебапи и сега многу ми е лошо. Кој знае што им ставаат?!
– Колку изеде?
– 32…

– – – – – – –

– Реков ДА!
– Па што да речеш во 7-миот месец?

– – – – – – –

Строг татко ја кара својата ќерка:
– Вчера те видов во една кола на паркингот како се натискаш со некој тиквар. Кој е тој?
– Каква боја беше колата?

– – – – – – –

Семејна кавга:
– Драги, престани да ме обвинуваш за нешта што не сум ги направила, затоа што ми даваш добри идеи!

– – – – – – –

– Како не ти е срам, алкохоличар еден, да си доаѓаш дома во 2 часот во ноќта?!
– Ааа, не! Јас не си дојдов, наминав само да си ја земам хармониката…

– – – – – – –

– Маре, зошто не си земаш од ќебапчињата и салатата? Многу се вкусни!
– Затоа што, Зоки, другите луѓе одат на кино со чипс и пуканки.

– – – – – – –

– Што е заедничко кај разнесувачот на пица и гинекологот?
– И двајцата ја осеќаат аромата, но им е забрането да пробаат.

– – – – – – –

– Мила одбери: Да имаме с*кс или да одиме на море?
– С*кс се разбира! На море одиме секоја година.

– – – – – – –

– Комшивке, ќе ми го дадеш ли сукалото на заем?
– Не можам. И јас го чекам мажот ми.

– – – – – – –

– Зошто не прават телевизори со гласовни команди?
– Затоа што кога Македонија игра фудбал, постојано ќе менуваат на по*но канали.

Сподели на Facebook
пати видено