98% од Македонците се задоволни од својата плата. Анкетата е направена на репрезентативен примерок од 120 пратеници во македонското собрание.

– – – – – – –

Некаде во Македонија, полицаец запира пијан возач:
– Вашите документи, Сер!
– А зошто сер, како да сум некој англиски благородник?
– Зошто возиш од лево…

– – – – – – –

Што прават Македонците кога ќе им снема струја?
Трчаат до прозорецот да видат дали свети кај комшиите.

– – – – – – –

Македонија е земјата на оптимистите! Песимистите одамна се иселија!

– – – – – – –

Не постои друга држава во светот во која пајакот доаѓа за 5 минути, а брзата помош за 45!

– – – – – – –

Во македонските болници има само два вида на дијагнози:
1. Ништо не ви е.
2. Што сте чекале до сега!

– – – – – – –

– Тато, тато, знаеш ли кој воз во Македонија доцни најмногу?
– Не.
– Тој што вети дека ќе ми го купиш за Нова Година пред две години.

– – – – – – –

Маж пристигнува на работа со едночасовно задоцнување, целиот помодрен.
Македонскиот газда:
– Ти зошто задоцни?
– Шефе, паднав од петтиот кат!
– И што? Цел час ли паѓаше…

– – – – – – –

Стара македонска поговорка.
1. Не се тепај со посилен…
2. Не си го мери со магаре…
3. Не се суди со побогат…

– – – – – – –

– Ја напуштивте земјата на возраст од 18 години, сосема сиромашен и со сопствени сили станавте светски познат бизнисмен, кој донираше милиони на оние кои имаат потреба од целиот свет. Што ве натера сега да се вратите во својата татковина – Македонија?
– Видете, со мојата сопруга секоја година одиме во различни земји. Посетивме многу, па не знаеме каде да одиме сега. Така решивме да ја ставиме картата на светот на ѕидот и да фрламе со стрелка за пикадо – каде ќе падне, таму одиме. Ја закачивме мапата, ја фрливме стрелката, но таа скокна и падна во кантата за ѓубре. И тука сме во Македонија.

– – – – – – –

Реклама за македонски пошти.
– Испраќаш пресна ракија! Ти пристигнува отстојана!

– – – – – – –

Вчера ме грабнаа вонземјани, им раскажав за животот во Македонија, 3 часа плачеа, ми ја платија струјата, ми купија еден сендвич од 7-ца и ме пуштија!

– – – – – – –

Македонија е единствената земја во светот во која го искористуваш влажното марамче, а потоа си ги чистиш и чевлите со него за да не оди зијан. Така настана првиот закон за влажните марамчиња: „Влажното марамче е чисто, додека е влажно.“

– – – – – – –

Влегуваат двајца Грци во авион, едниот седнува до прозорецот, а другиот на средината. До нив од страната на патеката седнува еден Македонец. Таман седнал Македонецот, ги соблекол чевлите, се раскомотил и едниот Грк вели:
– Извинете, морам да одам да си земам Кока Кола.
Македонецот му вели:
– Седи пријателе, јас ќе ти донесам да не се мачиш.
Македонецот станува и оди, а Гркот му го зема едниот чевел и му плукнува во него. Македонецот по кратко време се враќа со чаша Кока Кола и таман седнува, другиот Грк му вели:
– Пријателе и мене ми се припи Кока Кола.
Македонецот со насмевка:
– Нема проблем, сега кога сме пријатели, ќе ти донесам и тебе.
Штом Македонецот повторно оди, и вториот Грк му плукнува во другиот чевел. Македонецот се враќа со чаша Кока Кола и за него и најкултурно му ја дава.
По некое време авионот слетува, Македонецот си ги облекува чевлите и откако сфаќа што му направиле Грците, им вели:
– Па добро бе нели сме пријатели сега, аеродромот го прекрстивме, автопатот, потпишавме понижувачки договор! До кога со вакви плукања во чевли и мочање во Кока Кола?

– – – – – – –

Краток преглед на вестите од Македонија:
– Драги сонародници и денес сѐ си ја е*ало мајката. А сега, прогноза за времето.

Сподели на Facebook
пати видено