Сите ние сакаме да веруваме во магија од време на време. Но, исто така, знаеме дека самовилите не постојат и шпагети не растат на дрва. Можете ли да замислите дека некои луѓе навистина верувале во ова?

Ајде да видиме колку е лесно да се убеди толпата.

Мајката на зајаците, Мери Тофт, 1726

Мери од Англија ги убедила лекарите дека раѓа зајаци. По 15-тиот „роден“ зајак Мери била конечно разоткриена.

Големата измама со Месечината, 1835

Ова е серија од 6 статии, објавени во весникот The Sun, во кои се пишува дека научниците поставиле телескоп на ртот Добра Надеж и дека со него на виделе на Месечината луѓе со крилја на лилјаци. Лажните вести биле разоткриени неколку недели подоцна.

Џинот од Кардиф, 1869

Џинот од Кардиф е статуа висока 4 метри за која наоѓачите тврделе дека се остатоци од древен џин. Наводно „џинот“ бил откопан во Њујорк, додека сопственикот на земјиштето копал бунар. Тој им наплаќал на луѓето за да го видат „џинот“.

Компирот од Меги Марфи, 1895 година

Легендата за компирот била создадена од уредник на локален весник кој сакал да промовира локален панаѓур. Но луѓето поверувале и почнале да го купуваат земјиштето во тој регион за да одгледуваат такви големи компири.

Измамата на воен брод, 1910

Ова е група на измамници, или подобро кажано шегаџии. „Мажот“ од лево е писателката Вирџинија Вулф, а човекот со мустаќи е Вилијам Хорас де Вере Кол, поет и главен на оваа „банда“.

Тие успеале да ја измамат кралската морнарица дека се Абисински членови на кралското семејство, а Кол е нивниот преведувач и дека сакаат да го разгледаат воениот брод HMS Dreadnought.

Тие велеле „Бунга! Бунга!“ кога биле задоволни од нешто. Кога шегата била откриена, со исклучок на Вирџинија Вулф, тие биле подложени на симболично удирање по задникот.

Измама со кадата, 1917 година

Новинарот Хенри Луис американски новинар и сатиричар објавил статија насловена „Занемарена годишнина“, каде што ја опишал „приказната“ за една модерна када измислена во Синсинати пред 75 години. Тој тврдел дека капењето некогаш било нелегално во САД, бидејќи лекарите сметале дека е опасно за здравјето. Иако новинарот не го очекувал тоа мнгу луѓе ја сфатиле неговата статија сериозно и го цитирале години подоцна.

Самовилите од Котинглеј, 1917-1921

Овие фотографии биле направени во 1917 и 1921 од 2 тинејџерки: 16-годишната Елси Рајт и нејзината 10-годишна братучедка Франсис Грифитс. Голем број на луѓе поверувале дека самовилите вметнати на сликите постојат.

Крзнена пастрмка, 1929 година

Еве едно суштество наводно фатено во Исланд, Канада и Северна Америка (Арканзас). Весниците успеале да ја прошират лажната вест и да ги убедат луѓето дека вакво нешто навистина се случило.

Зајак со рогови, 1932 година

Ловецот Даглас Херик од Вајоминг поставил рогови на зајак и почнал да ги продава на луѓето. Локалците дури почнале да го „слават“ животното и имаат посебен празник за него.

Дрво со шпагети, 1957

3-минутно видео емитувано на 1-ви април во 1957 од страна на Би-Би-Си, било многу поуспешно отколку што очекувале. Очигледно многу луѓе не знаеле како се прават шпагети, па поверувале дека растат на дрво во Швајцарија. Многу луѓе потоа се јавувале во редакцијата за да прашаат како да засадат дрво со шпагети.

Гласот на Врлион, 1977

На оваа слика можете да го видите предавателот Хенингтон во Велика Британија, каде што имало прекин во 17:00 на 26 ноември 1977 година. „Вонзенјанинот“ по име Врилон велел дека Земјата е во опасност, дека сите опасни оружја треба да се уништат и дека треба сите да научиме да живееме во мир и слога. Сторителот не е откриен.

Дихидроген моноксид, 1990 година

Шегата добила популарност во 1990 година, кога студентите од Универзитетот во Калифорнија ширеле информации дека водата е загадена со дихидроген моноксид. Всушност, тоа е само едно од научните имиња на вода која ја има хемиската формула H2O.

Археораптор, 1999 година

Археораптор е назив за фосил од Кина објавен во една статија во National Geographic во 1999 година. Списанието тврдело дека фосилот е „врска што недостасува“ помеѓу птиците и диносаурусите. За жал, „врската“ се покажала како лажна. фосилот бил направен од преуредени парчиња на вистински фосили од различни видови. Настанот предизвикал голем скандал и уште еднаш докажал дека сите археолошки откритија треба темелно да се проверат.

Измамата со Марс, 2003

Луѓето тврдеа дека Црвената планета ќе изгледа голема како полна Месечина. Се разбира, Марс се приближува одвреме-навреме, но останува релативно мал објект (црвената точка десно од Месечината на сликата). Патем, следното најспектакуларно приближување ќе се случи во 2018 година.

Инцидент со балон во Колорадо, 2009 година

Ричард и Мајуми Хеин му купиле балон со хелиум сличен на летечка чинија и тврделе дека нивниот син Фалкон бил во него. Хеликоптерите на Националната гарда и локалната полиција го следеле балон, масовните медиуми ги рашириле информациите дека 6-годишното момче навистина патувало во балонот и многу луѓе поверувале во измамата.

Всушност, Фалкон се криел на таванот. Родителите на момчето ја создале оваа приказна само за да привлечат внимание и да заработат малку пари. Тие беа осудени на казна затвор, парична казна и се обврзале да напишат формално извинување до агенциите што го барале Фалкон.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено