На 8-ми мај 1945 година се случило формалното прифаќање на безусловното предавање на Нацистичка Германија и нејзините вооружени сили.

Овој ден е познат како „Victory in Europe Day“ (Победа во денот на Европа) и се славел насекаде низ светот. Овие фотографии ја прикажуваат возбудата и радоста на луѓето, на денот кој донесе победа за доброто на сите.

Советските војници ги запишуваат имињата на ѕидовите на Рајхстагот, 1945 година

Кралското семејство ја поздравува толпата пред Бакингемската палата по официјалното соопштение за предавањето на Германија, 8 мај 1945 година

Британските морнари во фонтаните на Трафалгар сквер ја слават победата, Лондон, 8 мај 1945 година

Парижаните маршираат на плоштадот во близина на Триумфалната порта, мавтајќи со знамињата на сојузничките држави, 8 мај 1945 година

Британски воени затвореници по ослободувањето, 4 мај 1945 година

Њујорчани го слават предавањето на Германија, Тајмс сквер, 7 мај 1945 година

Членови на холандскиот отпор го слушнаат на радио објавувањето на смртта на Адолф Хитлер, мај 1945 година

Марлен Дитрих во пристаништето во Њујорк бакнува еден војник кој се враќа дома од војната, 1945 година

Прослава на Денот на победата во Ленинград, мај 1945

Војниците на СССР и САД ја прославуваат победата во Берлин, 1945 година

Канадскиот војник и холандската девојка го прославуваат крајот на војната, Холандија, 1945 година

Прв поздрав во чест на победата во Големата патриотска војна, Москва, Црвениот плоштад, 9 мај 1945 година

Советски војници пред Рајхстагот, 1945 година

Возбудена толпа на улиците на Париз, 8 мај 1945 година

Сподели на Facebook
пати видено