Различни истражувања докажуваат дека постои посебна врска меѓу луѓето со одредени особини и видот на животното кое ќе го изберат како нивно домашно милениче. Познато дека поседувањето на домашни миленичиња може да има позитивни ефекти врз нашето здравје и однесување. Но, дали тоа се однесува на сите видови на животни?

1. Џосаја на Теодор Рузвелт

Овој мал јазовец му бил подарен на Теодор Рузвелт за време на неговата турнеја со железниците на американскиот Запад од страна на 12-годишно девојче по име Перл Горшук. Рузвелт го донел дома и го дал на неговиот син, Арчи. Познато е дека Арчи рекол дека Џосаја понекогаш ги гризел нозете на луѓето, но никогаш лицата. Претпоставуваме дека тоа е прилично добро.

2. Пигмејскиот нилски коњ на Калвин Кулиџ

Приказната за доаѓањето на Били пигмејскиот нилски коњ започнала кога Харви Фајрстоун, магнат на чело на Firestone Tyres, го пронашол малиот нилски коњ некаде околу рамнините на Либерија и одлучил да го задржи. Но Били пораснал брзо и одеднаш не бил толку сладок. Тој тежел 270 килограми, бил долг над 2 метри и одржувањето било прилично скапо, дури и за еден милионер. Затоа, Харви го претставил Били како подарок за претседателот кој го прифатил.

3. И ракунот на неговата сопруга …

Ребека(ракунот), била испратена од Мисисипи за да биде дел од оброкот во Белата куќа. Но, семејството Кулиџ одлучило да ја задржи како милениче бидејќи се однесувала многу питомо. Ребека набрзо станала омилено домашно милениче на претседателот Кулиџ и првата дама, Грејс Кулиџ. Ребека секогаш била присутна на сите настани во Белата Куќа.

4. Кравата Паулина на Вилијам Хауард

Паулина Вејн, позната и како „Мис Вејн“, била крава која припаѓала на 27-миот претседател на САД, Вилијам Хауард Тафт. Таа слободно ги пасела тревниците на Белата куќа во текот на годините 1910-1913 и таа била последната претседателска крава што некогаш живеела во Белата куќа.

5. Кралското милениче на „Кралот“

Овој мал кенгур му бил подарен на Елвис Присли од страна на агентот, Ли Гордон. Подоцна „Кралот“ го донирал кенгурот во Зоолошката градина во Мемфис.

6. Лавот Нил на Типи Хедрен

Актерката Типи Хедрен, нејзиниот сопруг Ноел Маршал и нивната ќерка, Мелани Грифит, имале лав кој живеел со нив некое време. Тие мислеле дека од ова ќе научат повеќе за лавовите, бидејќи тие снимале филм за лавови. Подоцна Типи изјавила дека жали за нејзината одлука, затоа што било глупаво да се ризикува животот на семејството.

7. А кога јас бев дете родителите не ми дозволуваа да чувам куче…

Секое тригодишно момче од Камбоџа треба да има пријател. На оваа фотографија од 2003 година, Оеун Самбат го прегрнува својот најдобар другар, долг женски питон од четири метри, Чамреун. Суеверните селани верувале дека момчето бил син на змеј во неговиот поранешен живот и имал натприродни сили.

8. Што се случува низ светот денес?

Овие две љубопитни лавчиња, живееле во куќата на ветеринарката во Украина, Татјана Ефремова. Исто така таа поседувала и неколку други егзотични животни.

9. Германската лама

Оваа фотографија направена во јануари 2009 година ја прикажува три-годишната лама по име Соке која живеела во куќата на нејзината сопственичка Никол Доепер во Германија. Таа живеела таму од раѓање поради ампутација на ногата, која морала да биде извршена поради повредата предизвикана од некои други животни.

10. Сите миленици заслужуваат прегратка.

На фотографијата се прикажани Ватана Тонџон и неговиот миленик крокодилот Кенг во 2002 година. Никој никогаш не можел да замисли колку голем ќе порасне кога таткото на Ватана го нашол како бебе три години пред тоа. Крокодилот јадел свежо пилешко и живеел во домот на семејството, заедно со нивните две кучиња.

11. Некои девојчиња навистина добиваат пони…

Принцеза, била пони кое сакало да пие пиво секоја недела и да го споделува оброкот со нејзините сопственици. За возврат, таа и обезбедувала терапија за Клариса која страдала од церебрална парализа. На оваа фотографија од август 2004 година, 10-годишната Клариса ја споделува храната со Принцеза.

12. Потребен е бакнеж за денот да ви стане подобар…

Оваа фотографија е направена во 2005 година во Дака. Мајмунот Јатра се однесувал како куче и го лижел неговиот сопственик Сохар.

13. Големината не е важна

На фотографијата се прикажани Џим Саутнер и неговото милениче бафало по име Бејли Д. Џим го одгледал животното од мало и тој и сопругата уживале во неговите посети во куќата.

14. Необични животни сакаат необични спортови

На фотографијата се прикажани Доминго Пијанези и неговата алпака Писко во Лима во март 2010 година. Пијанези е многу талентиран тренер, а Писко бил одличен ученик.

15. На кого му е потребен коњ, кога можете да си јавате алигатор?

Оваа фотографија беше фотографирана во фарма за алигатори во Лос Анџелес во 1920-тите.

Сподели на Facebook
пати видено