Полицаецот Џо Холт бил воодушевен откако забележал младо момче од Мисури како ѝ помага на постара жена, која не можела да се снајде на паркингот откако започнало големо невреме.

14-годишниот Тајрера Пјор не се двоумел кога ја забележал жената како излегува од супермаркетот и не може да се врати до автомобилот.

Момчето со својата јакна ја заштитило старицата и ѝ помогнало да дојде до автомобилот, а потоа се вратило до автомобилот на својата мајка. Полицаецот решил лично да го пофали доброто дело на детето и се упатил кон автомобилот.

Мајката на Тајрера, Ебони првин се исплашила дека нешто лошо се случило, но откако полицаецот ѝ раскажал што направил нејзиниот син таа почнала да плаче од среќа.

Таа му кажала на полицаецот дека затоа што нејзиниот син има витилиго често пати е мета на погрдни зборови од децата, но тој сето тоа го надминува покажувајќи повеќе добрина. Особено се грижел за постарите затоа што им ги одржувал и тревниците на постарите соседи.

Џо не сакал доброто дело на момчето да остане незабележано и затоа ја објавил фотографијата од доброто дело, а Тајрера добива само пофали зборови за неговата добрина.

Сподели на Facebook
пати видено