14-годишниот Бренан Вокер се успал во четвртокот изутрина и го пропушти својот автобус до средното училиште Рочестер, Мичиген. Тој се обидел да ја следи рутата на автобусот пеш, но се изгубил. Бидејќи не го носел мобилниот со него решил на тропне на вратата на куќа која имала налепница „Соседска стража“ за да праша за насоки и таа одлука скоро ќе го чинела неговиот живот.

На вратата се појавила жена и Бренан раскажува дека почнала хистерично да вреска: „Почна да ми се дере и ми велеше ‘Зошто се обидуваш да ми провалиш во куќата!’ Јас се обидував да ѝ објаснам дека се обидувам да добијам насоки за Рочестер, а таа продолжи да му вика. Тогаш нејзиниот сопруг слезе по скалите и зема пушка, ја видов и почнав да бегам. Тогаш слушнав истрел.“.

Полицијата била повикана во 2200 блок Јужен Христијан Хилс, откако жена која се јавила да пријави изјавила дека нејзиниот сопруг бркал црн маж кој се обидувал да им провали во куќата. Во извештајот од полицијата пишува дека 53-годишниот Џефри Зеиглер го бркал вокер со пушка и пукал неколку пати кон него.

Зеиглер бил обвнинет за напад со обид за убиство и прекршок за употреба на огнено оружје. Моментално се наоѓа во затворот во Окланд и неговата кауција изнесува 50.000 долари. Полицијата исто така ја контактирала мајката на Бренан, Лиса која вели дека единствената причина поради која Зеиглер не го убил нејзиниот син е тоа што заборавил да ја откочи пушката.

Мајката на Вокер изјавила дека иследниците ѝ ја покажале снимката од средбата снимена на камерата од вратата на домот. Откако го видела видеото и била на сослушувањето, мајката и сопруга изјавила: „Не знам за какви ‘овие луѓе’ зборуваше жената, кога тој беше сам.“

Лиса му го земала телефонот на Бренан како казна и била на работа кога се случил инцидентот. Момчето првин прашало во насоки во првата куќа од улицата, но потоа повторно се загубило и решило да праша во куќата, пред која можел да се заврши неговиот живот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено