Богатите луѓе секогаш ќе бараат начин на кој ќе ги потрошат нивните милиони, па дури и ако се работи за обични предмети кои имаат прилично „солени“ цени. Погрешно е да се даваат толку пари за овие производи, но за жал секогаш постојат луѓе кои што ќе ги купат.

14. Пуканки – 250 долари

Дури и пуканките можат да бидат предмет на луксуз. Овие пуканки се направени од најдобрите состојки (органски шеќер од Вермонт, најскапата сол од Данска, специјален путер и ванила). Цените започнуваат од 250 долари за галон, а за вистински гурманите има пуканки од бела тартуфа.

13. Haute Couture кондоми – 279 долари

Шанел издаде кондоми за Денот на вљубените. Модната куќа велела дека е шега, но потоа Марк Џејкобс и Луј Витон го следеле неговиот пример.

12. Бумеранг – 1.325 долари

ВИП бумеранг од Шанел како додаток. Убаво е кога финансиските инвестиции се враќаат директно во Вашите раце.

11. Мачка – 10.000 долари

Khao Manee, или мачката со дијамантски очи, е древна раса која потекнува од Тајланд и е позната по убавите очи слични на дијаманти кои можат да бидат сини или златни. Но, најмногу ценети мачки се оние кои ги имаат двете бои: нивната цена може да достигне од 7.000 долари до 11.000 долари.

10. ЛЕГО коцки – 12.500 долари

Лего коцки од 14 каратно злато биле направени во раните 80-ти години за вработените кои работеле во фабриката Лего повеќе од 25 години (Hohenwestedt, Германија). Анонимен купувач купи такви коцки на eBay за 12.500 долари.

9. Тока – 25.000 долари

Роланд Итен дизајнирал луксузна механичка тока во Женева. За да се создаде овој високо-прецизен швајцарски механизам, потребни биле 9 месеци работа, најдобрите материјали и методи на производство од светска класа.

8. „Дијамантска“ када за кученца – 39.000 долари

Ако го сакате вашето домашно милениче и имате дополнителни 39.000 долари, тогаш ќе Ви биде мило да знаете дека има дијамантна када за кученца украсена со 45.000 кристали Swarovski.

7. Домино – 147.000 долари

Лиеб Мануфактур праватг луксузни игри. Најновата креација вклучува домино, направено од цврсто злато со 168 дијаманти во мермерна кутија.

6. Модерен грамофон – 210.000 долари

На овој уред можете да ги слушате Вашите омилени стари плочи, но тоа ќе Ве чини.

5. Барби – 302.500 долари

Една од најскапите Барби кукли во светот е направен од страна на познатиот дизајнер на накит Стефано Кантури. Оваа кукла била продадена на аукција во Сиднеј во 2010 година. Таа има ѓердан со редок розов дијамант опкружен со бели дијаманти. Целиот профит од продажбата на кукла бил испратен до Фондацијата за рак на дојка.

4. Ексклузивна када – 800.000 долари

Балди-Хародс направиле луксузна када во едно големо парче кристал. Првото такво парче се продало за 700.000 евра. Во моментов, компанијата се подготвува за втора када, иако со помала големина, таа ќе чини околу 800.000 долари.

3. Чанта – 1.900.000 долари

Оваа луксузна чанта од Хермес Биркин Гинза Танака е направена од чиста платина обложена со 2.000 транспарентни дијаманти. Исто така, има дијамантска рачка која може да се користи како ѓердан или нараквица.

2. WC школка – 2.500.000 долари

Музејот Гугенхајм изложува златна WC школка која е прецизен примерок од вистинската WC школка направена од Колер.

1. Зграда – 1.000.000.000 долари

Ова е најголемата приватна станбена зграда во светот, со 9 лифтови, паркинг со 168 места на првите 6 ката, лична служба за автомобили на 7-ти кат, театар за 50 лица на 8-ти, спа салон, неколку базени, и 3 писти за хеликоптер. Инженерството на зградата и овозможува да издржи земјотрес од 8,0 степени по Рихтерова скала.

Сподели на Facebook
пати видено