Животинскиот свет е полн со магични суштества. Сепак понекогаш мајката природа знае да покаже смисла за хумор и креативност и да создаде чудни и откачени видови на животни, за кои е тешко да поверуваме дека навистина постојат.

Ангорскиот зајак

Не ова не е џиновкса шеќерна волна, ова е Ангорскиот зајак, раса на домашни зајаци, карактеристични по долгото крзно. Нивното крзно најчесто се остранува и неколку пати годишно, со шишање.

Ватуси

Ватуси е вид на стока познати по нивните огромни рогови. Вуди, бикот кој го носи рекордот за најголеми рогови може да се пофали со обем на рог од 103,5 см.

Глаукус Атлантик

Ова уникатно суштество е морски полжав, кој исто така го носи името „синиот змеј“. Глаукус ја користи неговата боја како камуфлажа додека плови на површината на водата.

Златна желка-бубачка

Оваа сјајна, метална бубачка се храни на градинарски растенија и ја менува својата боја меѓу златна и црвеникаво-кафеава, во зависност од тоа дали се парат или се чувствуваат загрозени.

Лилјак-риба

Оваа риба се карактеризира со облик на рамен триаголен и светли портокалово-црвени усни.

Панголин

Покриен од глава до пети со оклопна лушпа, овој мравојад изгледа како „шишарка со нозе“.

Лептоцефалус

Лептоцефалусот е ларвална форма на јагулите. Додека се во оваа фаза, тие се транспарентни поради недостатокот на органи.

Медуза-прасе

Причината зошто ова морско животно со големина од портокал изгледа како да се смешка е поради пигментните точки расфрлани низ неговата кожа.

Јапонскиот пајак-рак

Овој монструозен морски рак е познат како најголем кај сите живи видови на членконоги видови со должина од 4,5 метри.

Морски Лампреј

Паразитска риба со цилиндрично тело. Возрасните можат да достигнат до 120 см во должина и тежина од 2,3 кг.

Мола-мола

Сончевата риба или Мола-мола има странично компресирано тело и може да тежи до 1.000 килограми. Сончевите риби сакаат да го поминуваат својот ден во сончање во близина на површината на водата, од каде што доаѓа и нивното име.

Умбонија Спиноза

Овој бизарен инсект носи масивен рог на грбот кој може да се прошири за да му помогне да се вклопи во околината.

Саки мајмун

Додека целото тело на овој мал мајмун е црно, главата е покриена со бело крзно, што му дава препознатлив изглед.

Сподели на Facebook
пати видено