Денес скоро секој поседува Фејсбук профил, или пак профил на некоја друга социјална мрежа, без разлика на годините. Бидејќи толку често ги користиме социјалните мрежи забораваме дека на нив оставаме многу лични податоци и информации кои би можеле да бидат злоупотребени. Овие 13 работи не треба да ги споделувате на социјалните мрежи за да имате спокоен и безбеден живот.

13. Интимни детали за вашите врски

Што и да се случува помеѓу вас и вашиот партнер треба да се чува надвор од дофат на другите луѓе. Не пишувајте за она што се случува во вашата спална соба, не ги пишувајте прекарите кои сте си ги дале еден на друг и други приватни работи кои додаваат посебна вредност на вашите односи и би можеле да ги изгубите почитта и довербата на вашиот партнер.

12. Селфи во кое се бакнувате

Повеќето луѓе мислат дека е мизерно да ги покажувате интимните моменти на социјалните мрежи. Тоа не само што изгледа неразумно, туку може да ги навреди и вашите пријатели. И, вашите роднини веројатно нема да ги ценат овие фотографии. Експертите, исто така, велат дека паровите кои ги споделуваат социјалните мрежи обично се чувствуваат несигурни во нивните односи и имаат сомнежи за нивните партнери.

11. Селфи во непријатни прилики

Некои места и прилики бараат соодветен начин на однесување и затоа не треба да правите селфи на погреби, гробишта, цркви и други свети места.

10. Нелегални постапки

Ако сакате да се пофалите дека пиете алкохол додека возите, или се фотографирате на автопатот или пак имате нелегално оружје, тогаш размислете двапати. Голем број на луѓе се уапсени поради нивната желба да се пофалат на социјалните мрежи.

9. Запаливи коментари

Дури и ако коментарот е само шега, треба да внимавате што пишувате затоа што некој може сериозно да се навреди. Затоа е подобро да се избегнат теми како што се религијата, политиката, родовите разлики и други сериозни прашања кои можат да покренат дебати.

8. Да се жалите за работата

Дури и ако вашите колеги немаат профили на социјални мрежи, сепак можат да дознаат што сте напишале за вашиот шеф, условите на работното место или пак односите кон колегите. Затоа колку и да сте фрустрирани со вашата актуелна професија, чувајте го тоа за себе или за вашите најблиски пријатели.

7. Локацијата

Геолокацијата овозможува вашиот паметен телефон да ги следи вашите GPS координати во секој агол на светот. На прв поглед, може да изгледа кул вашите пријатели и семејството да знаат каде сте во секој момент, но ризиците не се вредни.

6. Планови за одмор

Да објавувате фотографии секој ден од дестинацијата на која сте отпатувале е многу погрешен потег, затоа што крадците можат да го искористат овој момент и да го ограбат вашиот дом. Најдобро е фотографиите да ги објавувате кога ќе се вратите од одморот.

5. Лични документи за идентификација

Понекогаш луѓето сакајќи да го споделат нивниот успех се доведуваат во опасност. Без разлика дали станува за возачка дозвола, авионски билет, пасош, лична карта или било кој документ кој ги содржи вашите лични податоци, можат да биде извор на идните проблеми.

4. Финансиски информации

Парите се многу деликатна тема кога станува збор за социјалните мрежи, затоа е лудост да се објави фотографија од кредитната картичка или било каков друг документ во кој пишува колку средства сте потрошиле или пак сте заработиле.

3. Фотографии од забави

Не си го уништувајте угледот ставајќи фотографии на кои сте пијани. Никогаш не се знае кој ќе ги погледне овие фотографии, можеби тоа ќе биде вашиот иден шеф или пак близок роднина.

2. Фотографии од ултразвук

Гинеколозите обично велат дека треба да почекате до второто тримесечје да ги соопштите среќните вести на социјалните мрежи, бидејќи ризикот од спонтан абортус во тоа време е помал.

Меѓутоа, повеќето луѓе, вклучувајќи ја и Џулија Спира, авторот на The Rules of Netiquette: How to MInd Your Digital Manners, мислат дека е несоодветно да ги споделите фотографиите на вашето неродено дете, бидејќи вашите следбеници може да го сметаат тоа за многу непријатно.

1. Скапи подароци

Освен што можете да предизвикате одбивност кај вашите пријатели на социјалните мрежи доколку постојано објавувате скапи подароци, или скапи предмети кои што сте ги купиле исто така можете да го привлечете вниманието на крадците.

Сподели на Facebook
пати видено