Продолжение…

Кликни овде за вториот дел.

10. Инцидентот на преминот Дјатлов

ms08

Десет скијачи од осум мажи и две жени решиле да планинарат низ Урал на почетокот на 1959 година. Нешто повеќе од една недела подоцна, девет од нив завршиле мртви. Последен пат кога биле видени живи било кога еден член на групата, Јури Јудин, решил да се врати назад поради болест. Се верува дека нивниот поход завршил на 2. февруари на премин на источните падини на планината Холат Сјахл.

Се шпекулира дека временските услови причиниле групата да кампува на преминот. Тоа што следно се случило, останува да се погодува, но советските иследници од тоа време тврделе дека „несовладлива непозната сила“ ја предизвикала нивната смрт. Шаторот на групата бил расечен одвнатре и скијачите се дале во бегство без облека на температура од -30 степени Целзиусови. Стапките околу шаторот посочуваат дека луѓето кои избегале го сториле тоа во чорапи или боси, упатувајќи се низ снежната падина кон густата шума. Кога на крајот биле најдени нивните тела, на нив немало знаци на борба, а сепак двајца од скијачите имале скршени черепи, двајца имале скршени ребра, а на еден му недостигал јазикот.

Со години се шпекулира за тоа што се случило, почнувајќи од научни објаснувања, на пример дека временските услови создале вртлог, при што се јавиле инфрацрвени бранови коишто ги испаничиле скијачите, па сѐ до паранормални објаснувања со вонземјани и други чудни нешта, а по откривањето дека во некои извештаи стои дека околу телото имало траги на радиоактивна контаминација, почнале да се шират гласини дека скијачите биле изложени на некаков советски експеримент.

Најлогичното објаснување е дека се случила лавина, што би можело да биде објаснување зошто скијачите то скинале шаторот, имено, го сториле тоа бидејќи бил покриен со снег. Изложени на суровите временски услови, набргу се смрзнале или пак биле нападнати од животни. Се разбира, сето ова се само претпоставки, и никој со сигурност не знае што се случило со нив, ниту пак некогаш ќе се дознае.

11. Црната Далија

ms09

Утрото на 15. јануари, 1947 година, во паркот Лајмерт во Лос Анџелес, било најдено искасапеното тело на 22-годишната Елизабет Шорт, амбициозна актерка, коешто било пресечено на половина и од него била исцедена сета крв, а остатокот бил искасапен на грозен начин. Нејзината уста била пресечена од уво до уво, но нејзината коса и половините на нејзиното тело биле внимателно измиени и положени. Случајот станал сензација за медиумите и Шорт ја нарекле „Црната Далија“.

Случајот останал нерешен иако имало цела легија на можни осомничени во седумте децении по убиството. Едно ветувачко признание дошло неколку дена по наоѓањето на нејзиното тело, од еден армиски каплар кој изјавил дека заедно со Шорт пиеле во Сан Франциско, неколку дена пред наоѓањето на нејзиното тело – потоа се онесвестил и не се сеќавал на ништо сѐ додека се освестил во такси пред њујоршкиот Пен Стејшн. Запрашан дали мисли дека тој го сторил убиството, капларот одговорил потврдно и станал главниот осомничен сѐ додека не се појавил доказ дека во времето на смртта на Шорт, тој се наоѓал во неговата воена база.

Потоа во 1991 година се јавила жена, која била убедена дека нејзиниот покоен татко е убиец. Полицијата го прекопала дворот пред нејзината куќа од детството, кадешто таа верувала дека ќе ги најдат неговите оружја или остатоците од други жртви. Тие навистина нашле `рѓосан нож, земјоделски алатки и накит, но не нашле доказ кој би го поврзал со случајот Црната Далија, ниту пак со некое друго убиство.

Состојбата на телото на Шорт, како и начинот на кој била пресечена на половина, навела на сомнение дека се работи за човек со медицинско образование. Се вели дека од можните осомничени на полицијата на Лос Анџелес, околу третина се доктори.

12. Изгубената колонија Роанок

ms11

Основана во доцниот 16. век во тоа што денес е округот Деар, Северна Каролина, колонијата Роанок била обид за постојана англиска населба во Северна Америка. Експедицијата била организирана од сер Волтер Рали, со повелба издадена од кралицата Елизабета I. За време на првичното истражување, населениците се соочиле со тешки услови и го разгневиле домородното население со тоа што ограбиле и запалиле едно индијанско село.

Кон крајот на 1587 година, во Роанок живееле нешто повеќе од сто колонисти. Гувернерот на колонијата, Џон Вајт, се вратил во Англија да бара помош и повеќе намирници. Поради Англо-шпанската војна, три години во колонијата не била пратена никаква помош. Кога Вајт се вратил во колонијата, не нашол никого. Сите куќи и утврдувања биле разрушени, а единствениот показател зошто тоа се случило бил зборот „Кроатоан“ издлабен на еден столб. Вајт помислил дека тоа значи дека колонистите се преселиле на островот Коратоан. Но, судбината на колонистите, како и значењето на натписот останале непознати до ден денес.

13. Серискиот убиец „Зодијак“

ms12

Во периодот помеѓу декември 1968 година и октомври 1969 година, потврдено е дека убиецот Зодијак убил седум луѓе во заливот на Сан Франциско, а се сомничи за убиството на уште тројца други. Жртвите биле мажи и жени, а како оружје употребил огнено и ладно оружје.

Убиецот себеси се нарекол „Зодијак“ и во серијата писма кои ги праќал на весниците „Бајехо Тајмс Хералд“ и „Сан Франциско Егзаминер“ тврдел дека убил до триесет и седум луѓе. Во дел од писмата биле вметнати четири криптограми, т.е. шифри, за коишто Зодијак тврдел дека нивното решавање ќе го открие неговиот идентитет. Само една од овие шифри била решена до извесна мера. Дали другите три содржат некаква порака, или се неповрзани нешта е мистерија којашто најверојатно никогаш нема да биде решена.

При повеќето убиства и напади за кои од полицијата на Сан Франциско е потврдено дека се извршени од Зодијак, жртвите биле љубовни двојки на јавни места. Први биле убиени Бети Лу Џенсен и Дејвид Фарадеј на 20. декември 1968 година. И двајцата биле тинејџери коишто биле застрелани додека биле паркирани на скришно место, на кое имале обичај да одат младите љубовници. Нападот врз Брајан Хартнел и Сесилија Шепард на 27. септември 1969 година се случил додека биле на излет. Шепард, пред да падне во кома и да почине, опишала дека убиецот бил облечен како супер-злосторник.

ms13

Во текот на годините се ширеле најразлични шпекулации за тоа кој е сторителот на ужасните злосторства. На пример, било сугерирано дека Теодор Качински и убиецот Зодијак се една иста личност. Иако теоријата нема многу смисол, и Качински и Зодијак убивале луѓе и потоа пишувале писма наменети за печатот. Но, тука завршуваат сличностите, бидејќи имале различни методи на убивање. Качински убивал со бомби, а Зодијак со огнено оружје и ножови. Качински своите манифести ги пишувал како докторски тези, а Зодијак намерно погрешно ги пишувал зборовите и ги исмевал читателите. Но, ДНК тестовите спроведени во 2002 година и марката на едно од писмата на Зодијак не се совпаднале со ДНК на Ален. Но, дали треба да се земе примерок од поштенската марка на едно од неговите писма како показател за неговиот идентитет е уште една загатка при наоѓањето на идентитетот на убиецот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено