Сигурно секој од нас би сакал да промени нешто во изгледот или барем размислувал за тоа во минатото. Со доаѓањето на модерната технологија, можеме да се видиме со поинаква боја на коса, фризура за која не се осмелуваме да ја направиме, различна форма на усни, нос, боја на очите.

Неколку графички дизајнери од Русија решиле да спроведат интересен експеримент и да им ги исполнат желбите за поинаков изглед на група доброволци. Еве како изгледаат резултатите.

Викторија

„Отсекогаш сум сакала сини очи. Мислам дека моето лице е квадратно, па би сакала да е послабо и поостро.“

Дарја

„Би сакала да се видам како црвенокоса со сини очи и помали образи.“

Елена

„Отсекогаш сум сакала потенок нос, зелени очи и посветол тен на кожата.“

Каро

„Би било интересно да се видам со сини очи“

Ана

„Сонувам за чиста кожа без недостатоци, со прав нос, пополни усни, бујна коса, помали образи. Исто сакам да ми се отстрани вишокот на очните капаци.“

Татијана

„Моментално не сакам ништо да сменам на себе. Како мала сонував за помал нос и поизразени јаболчици.“

Ана

„Јас би сакала да се видам како темна бринета со кратка коса, сини очи и чиста кожа без недостатоци. Побарав да ми го намалат носот и да ми го намалат вратот.“

Евгениј

„Сакав да ми стават коса и да изгледам послабо.“

Наталија

„Мојот сон е да ми се намали врвот на носот, да се отстрани малата грпка и малку да се прошират усните.“

Марија

„Сакам носот да ми е потенок, веѓите повисоки, усните подебели и лицето да ми е подолго бидејќи премногу е квадратно.“

Елена

„Би сакал да ја отстранам едвај забележливата брчка на челото и да ја зголемам горната усна. Необично е да се види темна бринета со сини очи.“

Александар

„Сакам подолго лице, подолга брада и зелени очи.“

Екатерина

„Јас би сакала да ги намалам носот, да ги зголемам усните, брадата да ми биде потесна и јаболчниците да ми бида поизразени.“

Сподели на Facebook
пати видено