Вилијам Рабило од Невада, САД, секој ден ја гледал неговата мајка, Кристал Престон како работи напорно за да им обезбеди добар живот на него и на неговиот брат и сестра.

Самохраната мајка била во тешка финансиска ситуација и постоел ризик да ја изгуби работата бидејќи немала превозно средство. 13-годишниот Вилијам не можел повеќе да ја гледа тажна својата мајка и затоа смислил план.

Тој одлучил да го продаде својот Xbox и почнал да ги средува тревниците на луѓето од соседството за пари. На Фејсбук група пронашол човек кој продава половен автомобил, му ја објаснил ситуацијата и му кажал дека сака да го купи за неговата мајка.

Еден ден пред нивниот дом бил донесен белиот Шевролет Метро од 1999 година.

Кристал не можела да поверува на своите очи и немала сили ниту да опише како се чувствува. Таа навистина не се надевала дека нејзиниот син и спремил вакво изненадување бидејќи тој многу внимавал таа да не дознае. „Кое 13-годишно дете ѝ купува автомобил на својата мајка? Јас не познавам ниту едно.“, вели таа.

Сподели на Facebook
пати видено