Ванг Пок Ло студирал во своето слободно време и се стекнал со диплома по математика. Тој ги посетувал предавањата на Open University и веќе се спрема да започне со неговите мастер студии. Оваа чудо од дете знаело да пресметува уште на 2-годишна возраст и ги положил испитите за „Напредна висока математика“ кога имал само 11 години.

Неговите пријатели го нарекуваат Пок и тој покрај неговите неверојатни способности сепак е редовен ученик во средно училиште, а сега ќе запише мастер по „Статистика со медицинска примена“ на Универзитетот Шефилд. Ученикот изјавил дека е задоволен од неговиот резултат, но признава дека станува сè потешко. Тинејџерот во средното училиште Квинсфери во Јужен Квинсфери во близина на Единбург, се преселил во Шкотска од Хонг Конг во 2006 година.

„Почна да станува многу потешко бидејќи станува збор за повеќе концепти кои се многу апстрактни и главно се логички и расудувачки.“, вели Пок. Кара Прот, лидер во наставната програма за математика во Квинсфери вели дека Пок е вистинска инспирација за останатите.

Уште додека бил во основно училиште Пок ја „прелетал“ математиката за средно. Тој исто така покажал и исклучителни способности за меморија и кога имал само една година рецитирал традиционални кинески песни. Пок покажал одлични достигнувања и во високото ниво на статистика и механика.

Како и секој тинејџер и Пок сака да се дружи со неговите пријатели и сака музика. Тој свири на пијано и гитара и ужива во звуците на класичната и поп музиката. Пок вели дека кога неговите родители станале свесни за неговиот талент од најрана возраст му ја претставиле основната математичка програма, а оттогаш па наваму Пок напредува со неверојатна брзина.

Сподели на Facebook
пати видено