Нема земја која што не забранила барем една работа на нејзина територија. Но, некои од работите забранети со закон ширум светот се прилично смешни. Ајде да се запознаеме со некои работи кои се забранети во различни земји.

Австралија

  • Во недела по 12 часот, на јавни места им е забрането да се појавуваат во розови панталони.
  • Потребно е да се повика електричар и за менување на сијалица, бидејќи доколку  некој биде фатен како сам ја менува следува парична казна.

Англија

  • Забрането е чистење на теписи на улиците.
  • Забрането е водење на добиток по улиците од 7 до 10 часот, освен со дозвола на полицијата.
  • Не е дозволено да се бакнува на железничките станици. И има насекаде знаци на „забрането бакнување“. Владата е загрижена дека долгите прегратки можат да предизвикаат доцнење за патниците.

Италија

  • Од 2008 година е забрането да се хранат гулабите на плоштадот Свети Марко во Венеција, бидејќи ги уништуваат историските споменици и градби. Покрај тоа, познато е дека птиците носат разни опасни болести.
  • Во Ераклеа, град во близина на Венеција, не е дозволено да се прават песочни замоци на плажите, бидејќи луѓето „не можат да се шетаат“ по должината на брегот.
  • Во Еболи, на љубовниците им е забрането да се бакнуваат во автомобили.
  • На островот Капри е забрането носење бучни дрвени кломпи и чевли.

Сингапур

  • Во Сингапур, оние кои не можат да живеат без мастика за џвакање ќе бидат казнети. Бидејќи тука е забранета од 1992 година. Луѓето таму веруваат дека гума за џвакање може да му наштети на здравјето на човекот и да ја оштети околината.

Канада

  • Според канадскиот закон, 35% од сите емитувани содржини треба да бидат од канадско потекло од 6 до 18 часот, од понеделник до петок.

Јапонија

  • Во 2008 година, оваа земја одлучи да спроведе годишно правило за големина на половината кај лицата на возраст од 40-74 години (не повеќе од 86 см за мажи и 90 см жени). Така Јапонија се бори против дебелината и нејзините поврзани болести. Во 2015 година, оние кои „не ги следеа правилата“ беа казнети.

Индија

  • Продолжувајќи ја темата за дебелина, во 2016 година во државата Керала беше имплементиран „данок на масти“. Тој беше поставен на 14,5% за хамбургери, пици, крофни и други масни јадења кои се служат во рестораните.

Сподели на Facebook
пати видено