Касетофоните исчезнаа, како и видеокасетите. Со неверојатните технолошки достигнувања, постојат многу други работи што ќе излезат од мода или ќе станат непотребни во блиска иднина. Ова се неколку работи без кои не би можеле да си го замислиме животот денес, но можеби ќе бидат сосема непознати за новите генерации.

12. Чоколадо

Со оглед на намалување на производството на какао, чоколадите може целосно да исчезнат. Аналитичарите веруваат дека сè поголемиот јаз помеѓу побарувачката и понудата на чоколадо ќе се зголеми во иднина.

11. Злато

Жолтиот метал полека исчезнува од површината на Земјата, а рударите се повлекуваат од овој бизнис. Инвестициите во злато паѓаат, а понудата се очекува да забележи пад од 15-20% во следните неколку години.

10. Пари

Парите, па дури и кредитните картички и дебитните картички, наскоро може да престанат да бидат од корист. Исто како што никој не помислил пред 50 години дека готовината ќе биде заменета со картички, следните 50 години ќе видат уште една трансформација во трансакциски методи. Вашиот паметен телефон и отпечатоците ќе бидат доволни за да ги купите вашите омилени работи.

9. Потписи

Потписите наскоро ќе станат нешто од минатото. Најновиот напредок во технологијата е биометриката, како што се ирисот, отпечатокот и препознавањето на гласот.

8. Далечински управувачи

Наскоро ќе и дојде крајот на потребата од далечински управувачи. Гласовните команди и гласовните пребарувања ќе бидат доволни за промена на каналите.

7. Сообраќајниот метеж

Зарем ова не звучи како сон? Наскоро ќе биде реалност благодарение на автономните автомобили. Овие автомобили се автоматски управувани и не прават грешки. Така, сите автомобили ќе возат безбедно и не треба да има сообраќајни метежи.

6. Работници во ресторани за брза храна

Преземање нарачки, подготовка на оброци и сервирање се работни места кои наскоро ќе бидат извршувани од роботи.

5. Хирурзи

Квалификувани професионалци во областа на медицината наскоро ќе бараат промена на работното место. Со вештачка интелигенција и роботски решенија сите големи операции можат да бидат направени од страна на роботи.

4. Дијабетес

Дијабетесот може да се збогува со нас во иднина. Прво, научниците веќе бараат клон на шеќер кој ќе изгледа и ќе има вкус како шеќер без неговите лоши ефекти. И ако тоа не е доволно, луѓето со дијабетес ќе можат да имплантираат здрави панкреасни островчиња за да се спречи дијабетесот.

3. Приватност

Каде и да сте, каде и да одите, секогаш ќе бидете под надзор. Ова, исто така, може да се смета за крај на приватноста. Дали сме подготвени за тоа?

2. Брави и клучеви

Бравите и клучевите ќе станат клише во следните 20-30 години. Можеби ќе треба да ги однесете вашите деца и внуци во музеите за да им ги покажете овие стари предмети. Значи, кој ќе се грижи за безбедноста на вашите лични предмети? Па, наскоро ќе имате читачи на картички кои ќе ја завршат работата.

1. Полначи

Во безжичниот свет на Bluetooth, NFC и Wi-Fi мрежи, се што ќе ни биде потребно, ќе биде површина за полнење – без кабли, се разбира. Можеби мислите дека ова е веќе создадено од Тесла, но има уште. Постои можност дека далечинското полнење наскоро може да стане реалност и ќе можете да го полните телефонот од каде било, без физички контакт.

Сподели на Facebook
пати видено