Споделувањето на животот со вашиот партнер може да биде подеднакво исполнувачко и предизвикувачко искуство. Многу брачни парови завршуваат со развод или живеат несреќен живот, што докажува дека е потребно повеќе од длабока наклонетост во врската за да остане здрава и весела.

Еве кои работи ги прават среќните брачни другари и доколку неколку од нив ви недостасуваат никогаш не е доцна да се сменат работите на подобро.

1. Уживајте во најмалку едно хоби заедно.

Иако е супер секој да си има свое хоби добро е да имате една работа која ќе ве поврзува редовно, како рутина. Како на пример некој спорт или пак гледање на филмови.

2. Почитувајте го сопствениот простор

Среќните двојки имаат неверојатна интимност, но исто така знаат како да не ги пречекорат границите. Почитувањето на просторот на вашата сакана личност и давањето простор за дишење е најважно за еден среќен брак.

3. Одвојте време за заеднички одмори и патувања

Не мора да биде нешто скапо можете да заминете сами на некој викенд во викендичка, важно е да си посветите време на себе без да размислувате на сите работи околу вас.

4. Не си легнувајте лути

Ако има проблем решете го. Не го ставајте во шише и не очекувајте дека ќе се реши сам од себе. Вашето ментално здравје ќе ви се заблагодари.

5. Кажувајте „те сакам“ барем еднаш дневно

Ова може да звучи очигледно, но од фундаментално значење е да се искажува колку вашиот партнер ви значи, редовно. Важно е да се изразите искрено, за да не звучите автоматски или празно.

6. Имајте независни животи еден од друг

Вие и вашиот партнер треба да сте целосно независни личности со свои сопствени идеи и копнежи, а не да си бидете „продолжеток“ на самите себе.

7. Заеднички оброци

Ако е невозможно за секој одброк да сте заедно споделете барем еден оброк дневно, макар тоа било и ужина. Ова е одлично време за да си кажете што сте завршиле или што планирате да направите во текот на денот. Никако не зјапајте во телефоните за време на оброците.

8. Поддржувајте си ги соништата меѓусебно

Поддршката на надежите и соништата на вашиот партнер ќе ги направи да се чувствуваат сакани и згрижени.

9. Посветете ѝ се на довербата и заборавете на љубомората

Односите без доверба на крајот ќе се распаднат. Ако сте премногу љубоморни и посесивни, треба да работите на тие прашања пред да ја влоши врската која ја имате со саканата личност. Но, доколку ви даваат оправдани причини да бидете љубоморни тогаш ценете си го емоционалното здравје и решете ги овие прашања на време.

10. Растете заедно како луѓе

Личниот раст е природен и очекуван дел од вашиот пат низ животот. Треба да бидете сигурни дека вие се движите кон нешто заедно и дека ниту еден од вас не заостанува.

11. Поделете ги домашните обврски

Да се префрлат сите домашни обврски на една личност е катастрофа. Кога едната личност ќе се измори од секојдневните обврски ова ќе значи крај за бракот каков што го знаете. Вие сте возрасни личности и секоја личност може да се погрижи за сопствениот дом да остане уреден.

12. Уживајте во мали гестови и изненадувања

Големите гестови за важни пригоди се прекрасни, но треба да се ценат и малите гестови, како на пример масажа по напорен ден или да го купите омилениот сладолед.

Сподели на Facebook
пати видено