Двајца дистрибутери на пиво од Минесота, САД, си ги вршеле секојдневните обврски, кога забележале нешто што засекогаш ќе им остане во сеќавање. Џејсон Гејбл и Кваме Андерсон поминувале на Ерл Стрит мостот, над автопат 94 и забележале маж како стои зад заштитната ограда, спремен да скокне и да си го одземе животот.

Дистрибутерите повикале полиција и решиле веднаш да регираат. На видеото може да се слушне како Џејсон вели: „Еј брат, добар си? Дојди од оваа страна, брат.“ Џејсон и Кваме во тој момент не биле сигурни дека ќе успеат да му помогнат на човекот и мислеле дека ќе бидат сведоци на неговото самоубиство.

Кваме продолжил да разговара со човекот дури и кога пристигнале полицајците и успеал да дознае дека живее на неколку улици од местото на настанот и дека има две деца. Кваме го прашал и дали има потреба од пари или храна, но тој го одбил.

Тогаш се сетил дека превезуваат пиво и го понудил човекот со пиво. „Тој рече: ‘Можеби’. Им кажав на полицајците: ‘Вие одвлекувајте му го вниманието јас веднаш ќе се вратам.’ Заминав и земав пакет пиво. Се вратив и му кажав: ‘Ако се симнеш од таму, ова е твое!’“, вели Кваме.

Човекот се симнал и потоа бил префрлен во болница на понатамошно испитување. „Ние само што разубедивме човек да се тргне од работ со пиво. И тој не изврши самоубиство, па затоа е добар ден.“, вели Кваме во видеото.

Сподели на Facebook
пати видено