И покрај фактот што многу жени мислат дека нивното однесување е прилично отворено и достапно, многу мажи се борат да го разберат значењето на некои работи што ги прават жените. Без разлика дали тоа е шминкање или „патување“ во бањата со своите пријателки одредени женски постапки ги збунуваат мажите.

Зошто жените поминуваат толку време во ставање на шминка за да изгледаат како да немаат шминка воопшто?

Жените користат повеќе производи за нега на лицето. Верувајте ни, секоја жена сака да заврши со шминкањето за неколку секунди. Сепак, нивниот природен изглед е комбинација од производи за нега на кожата, со креми, пудри, коректори, ги кријат недостатоците и така изгледаат подобро. Можеби не можете да ја видите шминката но таму е.

Или пак изгледаат како сосема различна личност?

додека некои сакаат да го задржат природниот изглед други жени имаат доволно козметика во своите домови за да си го сменат личниот опис. Не ги обвинувајте овие жени, затоа што тие сакаат да експериментираат со нов изглед и да ги пробаат новите продукти кои ги нуди козметичката индустрија.

Зошто жените толку многу сакаат милување?

Објаснувањето е прилично едноставно: Милувањето им дава сигурност на жените. Убедливото изразува утеха, поддршка и желба за споделување на личниот простор.

Зошто жените одат во тоалет во групи?

Ова почесто го прават младите девојки. Едноставно за да ја поправат шминката и да може пријателката да им помогне или пак да разговараат за тоа како се одвива моменталниот состанок. Некои жени велат дека не се свесни дека им се оди во тоалет сѐ додека некој не го спомене тоа. Така што нема голема мистерија зад женското „колективно“ одење во тоалет.

Зошто жените стануваат толку нервозни и страшни за време на нивниот циклус?

Ова е различно кај сите жени, но кај поголемиот дел од нив 7-дневната тортура е задолжителна. Првин чувствуваат како некој им се игра со цревата. Еве ги главните симптоми: постојана желба за брза храна, шеќер и секс (иронија), промени во расположението, мускулни болки, грчеви и неможност да се најде удобна позиција за олеснување на болката. Кој би можел да остане смирен?

Што имаат жените во нивните чанти?

Сѐ! Прашајте било која жена и таа ќе ви каже дека има паричник, пар очила за сонце, влажни марамчиња, пенкало, тетратка, неколку кармини за усни или важни документи, пудра, балсам и крем за раце и многу други работи што жените ги користат во текот на денот. Друго често прашање во врска со чанти е: „Зошто на жените им треба толку многу?“ Лесно! За да одговараат на секоја облека што ја имаат. Истиот одговор се однесува на многу пара чевли.

Зошто жените поминуваат толку многу време во тоалетот?

Грижата за косата е подеднакво важна како и грижата за лицето. Жените нанесуваат балсами и маски за коса, закои мора да почекаат неколку минути пред да ги исплакнат. Исто така користат разни гелови за тело. За сите овие работи е потребно време!

Што навистина значи „Добро сум!“?

Понекогаш овие зборови можат да значат дека жената е навистина добро. Затоа треба да се обрне на тонот на гласот и движењето на телото. Штом некој маж се сомнева во овие зборови кои ги кажала неговата сакана тогаш тој веќе знае дека таа „не е во ред“.

Зошто даската на тоалетната школка толку ги мачи жените?

Жените не сакаат да седнат на мокра тоалетна школка во текот на ноќта. Мажите треба да ја почитуваат „анатомијата“ на жените и да одвојат неколку секунди да ја кренат даската.

Дали момците навистина знаат само некои од возбудливите места на женското тело?

Одговорот на оваа прашање зависи од тоа каква врска имате се партнерката. Жените ги отриваат своите скриени страсти најчесто на мажите на кои им веруваат. Така што доколку сте во среќна врска најверојатно ги знаете скоро сите главни „точки на возбуда“ кај вашата партнерка. Ако мислите дека не знаете доволно, не се срамете да прашате.

Какво е чувството на доење?

Во почетокот може да биде болно, бидејќи брадавиците се оштетуваат бидејќи непцата на бебето се силни. Доењето буквално се чувствува како што звучи: чувство на силен млаз и ослободување.

Зошто жените толку ги сакаат задниците на мажите?

Како и мажите и жените сакаат да погледнат добар задник. Но, нив не ги инетеренсира самата форма на задникот туку како таа влијае на движењето на телото на мажот. Всушност, кога рамењата во однос на неговиот задник создаваат соодветен сооднос, машкото тело се смета за многу привлечно.

Сподели на Facebook
пати видено